Спорт
Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“
Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од 3:1 против „Работнички“ на финалниот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
– Од она што можеше да се забележи на терен, натпреварот започна динамично, а „Македонија Ѓ.П.“ поведе уште во 21 минута со гол на Стефан Ристиќ. Само пет минути подоцна, Ристиќ повторно се запиша во листата на стрелци, носејќи 2:0 за својот тим. „Работнички“ не се предаде, па во 43 минута преку Алек Трпковски намали на 2:1, враќајќи надеж за својот тим пред крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме, и двете екипи создадоа неколку добри шанси, но реализираше само „Македонија Ѓ.П.“ Лука Кнежевиќ во 77. минута го постигна третиот гол, со што ја запечати победата и обезбеди трофеј за својата екипа.
Работнички: Коста Стојановски, Амер Бајрами, Давид Лиотоски, Мартин Боцев, Михаел Аврамовски, Алек Трпковски, Бљерон Буши, Ердин Мамуди, Горјан Ѓапиќ, Дарин Михајловски, Игор Трпковски
Тренер: Марко Арсовски
Македонија Ѓ.П.: Андреј Јанкуловски, Филип Наумовски, Теодор Љубомировски, Горјан Петковски, Стефан Ристиќ, Алек Чедомирски, Лука Лазаревски, Јован Гиевски, Огнен Сивевски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски
Тренер: Мартин Христов
Ја користиме оваа прилика да им честитаме на Македонија Ѓ.П. за освојувањето на „Купот на Македонија“
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево11 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Спорт3 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија1 денОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
