Следете не

Lifestyle

Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете

Објавено пред

на

Бали е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Познат е по егзотичните плажи, тропската природа и богатата култура. За да се зачува ова културно наследство и да се обезбеди одржлив туризам, властите на островот воведоа нови правила за посетителите.

Почитување на локалните обичаи и верски норми

· Туристите мора да покажат почит при посета на храмови и свети места.
· Забрането е влегување без соодветна балиска облека.
· Жените со менструација не смеат да влегуваат во верски објекти, според традиционалните правила.
· Строго е забрането качување на свети дрвја и споменици.
· Несоодветни или голи фотографии на свети локации се недозволени.

Облекување и однесување на јавни места

· Посетителите треба да носат скромна облека во храмови, ресторани, продавници и други јавни простори.
· Забрането е пцуење, предизвикување немир или непочитување на локалното население.
· Не е дозволено споделување говор на омраза или дезинформации на социјалните мрежи.

Туристичка такса и поддршка на одржлив туризам

· Сите меѓународни посетители мора да платат туристичка такса од 150.000 индонезиски рупии (околу 9 евра).
· Таксата се користи за финансирање на проекти за заштита и одржливост.
· Неплаќањето може да доведе до забрана за посета на атракции и можни правни последици.
· Се планира и дополнителен дневен данок, сличен на оној што се применува во Бутан.

Еколошки мерки: крај на пластиката

· Забранета е употреба на пластични кеси, стиропор и пластични сламки.
· Пијалоци спакувани во пластика исто така не се дозволени.
· Овие мерки се дел од стратегијата за зачувување на природата и намалување на негативното влијание од туризмот.

Извор: B92

Lifestyle

Дали заспивате со мобилен телефон? Ова може сериозно да му наштети на вашето здравје

Објавено пред

на

Фото: Paul Hanaoka @ unsplash
Фото: Paul Hanaoka @ unsplash

Научните истражувања откриваат нешто загрижувачко: вештачката светлина навечер може да го наруши биолошкиот часовник и да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2, артериска хипертензија и дебелина.

Сè повеќе луѓе стануваат зависни од своите паметни телефони – тие се како продолжена рака. Но токму користењето телефон пред спиење е најголемиот проблем.

Зошто е опасна сината светлина?

Докторите предупредуваат: изложеноста на сината светлина од екранот пред спиење може да предизвика:

  • нарушување на хормонот мелатонин

  • намалување на времетраењето на сонот

  • појава на нарушувања на спиењето

Иако сината светлина директно не предизвикува дијабетес, експертите објаснуваат дека може да биде значаен ризик фактор за развој на болеста.

Што велат експертите?

Горана Мирошевиќ, раководител на Институтот за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, посочува дека дијабетесот тип 2 може да настане од повеќе фактори: наследност, возраст, хормонални нарушувања кај жени, прекумерна телесна маса и седентарен начин на живот.

Таа додава дека сината светлина влијае на намалување на мелатонинот и на лош квалитет на спиењето, што индиректно го зголемува ризикот.

Што покажуваат студиите?

Минатата година во списанието „Лансет“ беше објавена студија со 85.000 учесници, која траела дури девет години. Анализирани биле повеќе од 13 милиони часови податоци преку светлосни сензори. Резултатите потврдија: луѓето кои ноќе биле повеќе изложени на вештачка светлина имале зголемен ризик од дијабетес.

Последици и други болести

Според Зринка Мах од Хрватското друштво за хронични болести, изложеноста на вештачка светлина ноќе е директно поврзана со појава на хронични незаразни болести.

Недостатокот на сон не носи само дијабетес и дебелина, туку и:

  • депресија

  • малигни заболувања

  • намалено лачење на хормони

Истражувањата потврдуваат едно: колку е поголемо изложувањето на светлина ноќе, толку е поголем ризикот по здравјето.

Извор: tportal

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Појадувајте здраво во канцеларија: брз рецепт за 5 минути

Објавено пред

на

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash

Долг ден во канцеларија секогаш бара паметен и хранлив почеток. Ако утрото ви е хаотично, а сепак сакате да останете верни на здравите навики, овој рецепт е вистински спас – готов е за само пет минути. Идеален е за сите кои трчаат по време, но сакаат енергија за целиот ден.

Состојки за здрав канцелариски појадок

• 3 лажици житни култури
• 1 лажица путер од бадеми – кремаст и хранлив
• 1 лажица мед (по желба, за сладок шмек)
• ½ ситно сечкано киви
• ½ ситно сечкано јаболко

За финалниот „допир“ одозгора:
• 3 лажици јогурт од бадеми – мек и кремаст
• Листови од зелено јаболко за свежина и крцкавост
• Неколку ф’стаци за луксузен шмек и текстура
• Сушени бобинки (боровинки или суво грозје) за совршена рамнотежа

Како да го подготвите?

• Измешајте ги сите состојки во сад.
• Додајте го јогуртот, јаболковите листови, ф’стаците и сушеното овошје како топинг.
• Уживајте веднаш или спакувајте го и понесете го во канцеларија.

Заклучок

Со само пет минути и малку добра волја, вашиот ден може да започне на највкусниот и најздрав начин. Без изговори за прескокнување појадок – овој рецепт е лесен, енергетски и идеален за секое утро.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети

Објавено пред

на

Орхидеите се меѓу најубавите декоративни растенија за домот, но бараат посебна грижа и внимание. Многу луѓе погрешно мислат дека е потребно постојано наводнување, а токму тоа може да им наштети – корените брзо скапуваат, а листовите пожолтуваат.

Еве неколку практични совети како да ја одржите орхидејата здрава и да ја поттикнете да цвета:

1. Помалку вода, повеќе внимание

  • Ако орхидејата добие премногу влага, коренот станува мек и темен.

  • Во пролет и есен доволно е наводнување еднаш на секои две недели, а во лето – на секои десет дена.

  • Најдобар показател е изгледот на корените: суви и сребрени = време за полевање, додека зелените и влажни значат дека треба да почекате.

  • Користете вода на собна температура и полевајте наутро, за да се исуши вишокот во текот на денот.

2. Коцки мраз како едноставен трик

  • Ставете неколку коцки мраз на земјата.

  • Тие ќе се стопат полека и ќе обезбедат доволно влага без ризик од задушување на коренот.

  • Важно е саксијата да има добра дренажа и редовно да се отстранува вишокот вода.

3. Исхрана за побујно цветање

  • Ако орхидејата изгледа здрава, но не цвета, најчесто ѝ недостигаат хранливи материи.

  • Во периодот на раст, на секои 2–3 недели додавајте течно ѓубриво за орхидеи.

  • По завршувањето на цветањето, неколку капки ѓубриво ќе помогнат за развој на нови пупки.

  • При појава на млади изданоци, користете препарати со повеќе фосфор, но во пониска концентрација од препорачаната.

4. Светлина и просторни услови

  • Орхидеите сакаат дифузна светлина – идеално место е источниот прозорец со утринско сонце.

  • Избегнувајте директни попладневни зраци, бидејќи можат да ја оштетат.

  • Идеална температура е 18–24°C преку ден, а малку пониска навечер за да се поттикне цветањето.

Со почитување на овие едноставни правила и со малку трпение, вашата орхидеја ќе ве награди со раскошни цветови и ќе го разубави просторот во домот.

Извор: Informer

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за среда (3 септември)

ОВЕН Не сте доволно сконцентрирани и ви недостасува мотивација на работа, па може да бидете склони кон правење грешки. Може...

Временска прогноза10 часа

Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон...

Македонија10 часа

СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња

На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за...

Мобилни уреди10 часа

„Google Maps“ тестира нова функција, достапна само за ограничен број корисници

Најновите извештаи укажуваат дека „Google Maps“ започнува со тестирање на нова функционалност, која во моментов е достапна само за ограничен...

Скопје12 часа

(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот...

Македонија12 часа

(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех

Денес во етер се објави видео, снимевно во основното училиште „Денче Дејаноски“, каде заѕвони првото ѕвонче за ☝️ едно единствено...

Спорт14 часа

КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од...

На денешен ден15 часа

Времеплов: На денешен ден – 2 септември

На денешен ден 2 септември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (2 септември)

Овен Ќе се соочиш со тензија помеѓу дневните обврски и желбата за авантура. Творческиот поттик и шармот ти помагаат да...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод...

НАЈЧИТАНИ