Кичево
„ПМ10“ што знаеме? Од денес на нашиот медиум графички приказ за квалитет на воздух застапен во град Кичево во било кое време

Денес на нашиот медиум поставивме „widget“ или „графички приказ“ за квалитет на воздухот застапен во нашиот град Кичево, во мерна единица „ПМ10“, на ваше барање, за полесно и подостапно информирање околу квалитетот на воздухот кој од година во година е сѐ по загаден и по загаден, благодарение на „Aircare“ и мерните станици под Министерството за животна средина и просторно планирање.
Графичкиот приказ ќе го најдете во било кој натпис поставен на нашиот медиум, позициониран веднаш под главната фотографија од натписот/статијата:
Инаку, индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива колор шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.
Колор шемата соодветствува со нивоата на концентрација.
Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.
Кога сме кај „ПМ10“ честичките, ви презентираме неколку работи кои треба да ги знаете:
Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?
Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:
- Прерана смрт
- Смрт како последица на дишење воздух со премногу честички
- Проблеми со дишењето
- Астма
- Силно кашлање
- Болки при дишењето
- Хроничен бронхитис
- Намалена функција на белите дробови
- Проблем да се земе здив
- Зголемување на ризикот од срцев удар
- Зголемување на ризикот од заболување од рак
- Зголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињата
Кој е изложен на најголем ризик?
Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.
- Децата страдаат поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ 10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, белите дробови може да не се развијат како што би можеле кога воздухот би бил чист. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување од астма.
- Постарите луѓе страдаат од загадениот воздух на начин што умираат порано. Пред да се соочат со смртта како последица од загадувањето, тие почесто ќе го посетуваат лекарот.
- Луѓето кои имаат проблеми со респираторни или срцеви заболувања имаат потреба од исклучително здрав остаток од животот, но загадениот воздух не им го овозможува тоа. Тој предизвикува симптомите на нивната болест да се засилат и да им ја влошат состојбата.
1. Големина на ПМ-10 честичките
ПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.
2. Состав на честичките
ПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.
3. Квалитет на воздухот
Кога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.
4. Здравствени проблеми
Долга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…
5. Хируршката маска не помага
Хируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.
6. Извори на загадување
Постојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.
Извори на текст: air.moepp.gov.mk / kafepauza.mk
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот