Временска прогноза
По големиот пад на температурите, следува температурен шок и нагло покачување на максималните дневни температури, еве кога…

По најавеното нагло и големо заладување на времето кое ќе услови локално провејување на снег и во некои пониски места на север и запад од Македонија, но и силен северен ветер со брзина од над 70 км/час, за време на викендот кој ни доаѓа, но и во првите денови од следната седмица ќе имаме нагло и големо покачување на максималните дневни температури на воздухот.
Веќе од викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека во текот на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 22 степени.
Овие НАГЛИ и ГОЛЕМИ промени во температурите МНОГУ ЛОШО ќе влијаат особено врз метеопатите, па така во следниот период тие ќе чувствуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (проблеми со притисокот, повремена главоболка, нервоза но и поспаност, а кај некои и несоница). Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја пијат препишаната терапија од истиот.
Инаку со овој бран на студ и влажен бран на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка (на повисоките планини и до околу 20 цм нов снег, додека на местата со надморска височина до околу 1000 метри до околу 10 цм снег, ова особено важи за западните предели од Македонија каде врнежите се најинтензивни).
Од петок во Македонија следува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Ветерот од северен правец кој ќе го имаме во Македонија, од петок ЗНАЧИТЕЛНО ќе ја намали својата брзина, за порта и метеоаларм пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево15 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија4 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје9 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак