Временска прогноза
По обилните врнежи од дожд, најава за температури до -10°C

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа под влијание на студена воздушна маса, утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места. Поради заладувањето, услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места, особено во северните и западните предели. Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен и северозападен ветер, додека температурите утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели.
Поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и четврток, кога наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека на планинските места понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени.
Пишува: Славчо Попоски за Утрински брифинг
Временска прогноза
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..

Под влијание на многу топлата воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови и понатаму во следните денови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаат северните и североисточните предели од државава.
Освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи и нестабилност ќе има во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат.
Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
И во Скоспкиот регион ќе имаме слично време, повремено со услови за попладневна локална нестабилност. Освежување на времето ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со пад на температурите и со засилен северен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево1 ден
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин1 ден
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Автомобили6 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника6 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија1 ден
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Временска прогноза1 ден
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
На денешен ден19 часа
6 јули – На денешен ден