Следете не

Македонија

По повод јубилејната Европска регионална конференција на Интерпол, СВР Охрид презема соодветни безбедносни мерки и активности

Објавено пред

на

Во врска со одржувањето на јубилејна, 50-та по ред, Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата светска полициска организација, во која членуваат 195 земји од светот, што од 08 до 11 овој месец, ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид, презема соодветни безбедносни мерки. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делагации.

Утре (07.05.2023) од 06 часот, на сила ќе биде забраната за паркирање на моторни и други возила на булевар „Македонски Просветители“, паркинг „Ваикики“, кружен тек на плоштад „Св.Климент Охридски“, кеј „Македонија“ до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ од пресекот со булеварот „Македонски просветител“ до пресекот со улицата „ Кузман Јосифовски“. Исто така , забрана за паркирање има на паркингот кај „Горна Порта“, улица „Илинденска“, паркинг кај „Долни Сарај“, паркинг кај „Св.Софија“ и улицата „Коста Абраш“. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид,  утре ќе презема засилено сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Мерките ќе значат непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности при што, нема значително стопирање на нормалното одвивање на сообраќајот бидејќи, предвидено е последователно и непречено пропуштање на останатите возила во сообраќајот.

Со цел непречено одвивање на мерките, деновиве СВР Охрид оствари координативни средби  со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.

Со оглед на исклучително значајниот настан кој ќе се одвива во Охрид, СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации, за порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Македонија

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Објавено пред

на

ФОТО: Пакетчиња за сите дечиња

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.

До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.

Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА

Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.

Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму

Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

Објавено пред

на

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
ФОТО: Unsplash.com @ Cassiano K. Wehr

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.

Имајте пријатен ден.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle20 минути

Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија

Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања...

Спорт3 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево17 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево18 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија21 час

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза22 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево23 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија1 ден

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин1 ден

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

НАЈЧИТАНИ