Македонија
По преговорите, минимумот во Македонија е зголемен на 300 евра

Владата на Македонија, работодавачите и Сојузот на синдикати постигнаа договор за зголемување на минималната плата од март на 18.000 денари (околу 300 евра), од сегашните 15.200 денари.
Договорено е доцна синоќа, по неколкудневни преговори на кои работодавачите го одбија барањето на најголемиот македонски синдикат за зголемување на минималната плата на 18.000 динари и понудија 16.300 денари, а синдикатот се закани со штрајкови и блокади доколку нивното барање не биде прифатено.
Според Владата во Скопје, минималната плата што ќе се исплати од април за најмалку 80.000 работници ќе биде најмалку 18.000 денари.
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, објасни дека според трипартитниот договор за зголемување на минималната плата „државата ќе ги покрие сите придонеси од минималната плата од 15.200 денари што сега се плаќа до 18.000 денари во март“.
Со последното зголемување на минималната плата, кое, како што истакна премиерот, „80.000 граѓани ќе бидат извлечени од прагот на сиромаштија“.
„Со дефинирањето на минималната плата на ниво од 18.000 денари, сума што е двојно поголема од 2016 година, стануваме лидери во Европа по висината на учеството на минималната во просечната плата“, рече Ковачевски.
Според него, на средбата со работодавачите и синдикатите е постигнат договор минималната плата да не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата, соопшти Централниот завод за статистика.
/n1info.com/
Македонија
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме, соопшти МВР.
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска операција во која е сузбиена шестчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти на територија на Република Северна Македонија. При реализацијата, спречен е и транспорт на шест мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице.
Имено, во период од април до 13 Јули 2025 година, А.И., Б.И., Б.З., В.Т., В.Т. и Р.Р., со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, во повеќе наврати извршиле криумчарење на илегални мигранти, со што се стекнале со значителна противправна имотна корист. Мигрантите на територија на РСМ биле илегално пренесувани од Србија, преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на с.Лојане, општина Липково, од каде со помош на водичи т.н. „качаци“, биле доведувани на претходно договорени локации. На овие локации, А.И. и Б.И. ги прифаќале мигрантите и со возила ги превезувале до локации во околина на Куманово, од каде Б.З. ги прифаќал и ги превезувал до околината на Гевгелија во близина на границата со Грција, каде пак ги прифаќал В.Т. и пеш ги упатувал до граничната линија со Грција на т.н. зелена граница. Како претходница т.н „чистач“ на сите транспорти на мигранти вршени од Б.З. бил В.Т., кој користел разни видови на патнички моторни возила. Криумчарењето на мигранти Б.З. го вршел така што, од возилата со кои го вршел транспортот ги отстранувал оригиналните регистарски ознаки и ставал регистарски ознаки кои потекнувале од други моторни возила, нерегистрирани или од возила кои биле претходно одјавени.
По претходен договор помеѓу А.И., Б.И., Б.З., Р.Р. и В.Т., на 13.07.2025 било организирано прифаќање, привремено засолнување и превезување на шест лица илегални мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице. Б.И. како возач и А.И. како совозач во возилото, од околината на с.Лојане во близина на граничната линија помеѓу Србија и РСМ прифатиле шест мигранти и ги транспортирале до локација во близина на с.Пчиња. Таму Б.З. како возач и Р.Р. како совозач ги прифатиле мигрантите, а како т.н. „чистач“ бил В.Т.. При тоа, Б.З. не застанал на даден знак од полициски службеници туку почнал да се движи наназад со возилото во обид да избега, но за кратко време лицата се лишени од слобода, а пронајдени се и мигрантите од Кина. Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Гази Баба во Скопје, а лишените од слобода се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Истовремено, на подрачјето на Гевгелија, поради претходно обезбедени докази, од слобода е лишен и В.Т..
Истиот ден (13.07.2025), постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории, издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно пет локации на подрачје на Скопје и Куманово, при што се пронајдени и одземени три патнички моторни возила, мобилни телефони кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички, пари и др.
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 14.07.2025 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица и тоа, против А.И. (46), Б.И. (26), двајцата од Куманово, Б.З. (28), В.Т. (38) и Р.Р. (19), тројцата од Скопје и В.Т. (56) од Гевгелија, сите за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 2 и став 4) во врска со кривично дело „соизвршителство“ (член 22) од Кривичен законик.
Извор: МВР
Македонија
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Mалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.
Извор: РКЕ
-
Кичево13 часа
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника16 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Македонија11 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет8 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!