Временска прогноза
По сонцето доаѓаат врнежи од дожд, па одново сонце..

Како што најавивме, стабилно време ќе имаме уште утре, додека кон крајот на денот облачноста полека ќе се зголемува, и доцна навечер и во текот на ноќта кон вторник од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во вторник и локално, и тоа особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во вторник накратко ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Од среда па натаму ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите, како минималните, така и максималните ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и тоа поради ИЗРАЗЕНОТО јужно воздушно струење, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.
Според сегашните анализи, следниот викенд ќе биде уште потопло и понекаде температурите ќе се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилн о и суво време, додека во вторник ќе има зголемена облачност која ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени.
Од среда и во Скопскиот регион ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.
Извор: Славчо П.
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
Временска прогноза
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (5 мај)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (6 мај)
-
Временска прогноза2 дена
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност
-
Култура20 часа
Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања
-
Македонија1 ден
Ноќеска мало намалување на цената од нафтените деривати
-
Автомобили22 часа
(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили
-
Македонија9 часа
На Табановце уапсен грк, во возилото пронајдена марихуана
-
Македонија3 часа
Прилеп: Седумгодишно дете случајно стартувало автомобил и ја повредил сестричката