Балкан
Почина Аки Рахимовски

Пејачот на групата Парни ваљак Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст, објавено е на Фејсбук страницата на бендот.
„Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.01.2022 год. Аки Рахимовски засекогаш заспа“, напишаа од Парни ваљак.
Александар „Аки“ Рахимовски е роден во Ниш, на 5 јуни 1955 година, но набрзо со семејството се преселил во Скопје.
Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Блад брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година.
Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни Ваљак.
/RTCG/
Фото: Facebook, Parni Valjak
Балкан
(ВИДЕО) Ријека погодена од силно невреме, проследено со дожд и грмежи, издадени две жолти предупредувања за регионот..

Обилен дожд падна вчера вечер во Ријека и предизвикал бројни проблеми. Подрумите на куќи и деловни простории останале поплавени, а сообраќајот се одвивал доста тешко.
Државниот хидромеролошки институт „ДХМЗ“ објавија дека дождот особено се очекува главно во северниот дел на Јадраник и во Горски Котар, додека локално силно изразените излевања, проследени со грмотевици и врнежи од дожд.
Биле издадени две жолти предупредувања за регионот Ријека, како резултат на ветрот и грмотевиците. Имено „ДХМЗ“ истакна дека тие се повремено можни поизразени излевања со громови, како и урбани и поројни поплави.
/blic.rs
Балкан
Ново невреме се приближува кон истиот регион кој го зафати вчерашниот воден талог, Словенија, Хрватска, БиХ и Србија

По разорното невреме кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на утрешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме.
Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија утре очекуваме ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Утре од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.
Можно е ново сериозно Суперќелијско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети.
За голема среќа, нашата Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое ќе го зафати регионот утре, пишува Славчо Попоски
Балкан
(ВИДЕО) Татко на едно од девојчињата кои загинаа во ОУ „Владислав Рибникар“ на гостување зборува за фактите со кои се соочиле родителите на загинатите

Слободан Негиќ, татко на едно од девојчињата кои загинаа во престрелката на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, вчера вечер гостуваше во „Впечаток на неделата“ или „Utisku nedelje“ на „ТВ Нова С“ бидејќи како што рече, почувствувал потреба да ја донесе сериозноста на ситуацијата во јавноста и да ја искористи можноста да зборува за фактите, и да се обиде да побара помош од јавноста и некакво разбирање.
– „Да разбудам емпатија меѓу сите околу мене. Сакав да дојдам овде, многу е тешко, но почувствував силна потреба да ја изнесам тежината на ситуацијата во јавноста. Сакам да ја искористам приликата да ги кажам фактите како поединец и граѓанин на оваа земја и да се обидам да ја разбудам свеста кај луѓето, која веќе се буди за фактот дека поделбите се нешто што не ни треба и дека проблемот е многу тежок. “, истакна Негиќ и додаде:
– „Никој нема решение и многу е тешко да се живее со него, но јас гледам искрена желба кај луѓето кога ќе ми погледнат во очи, кои се преплашени од она што го гледаат и кои реагираат на ова на човечко ниво. надвор од вообичаените теми и дневно-политички приказни. Секој што ќе најде простор во ова да објави избрзани мислења наместо тоа што навистина се случило, само му прави лоша услуга на општеството“, пренесува Нова.рс.
Во продолжение погледнете го видеото кое вирално се шири низ социјалните мрежи:
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (декември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (2 декември)
-
Култура14 часа
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Автомобили23 часа
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Спорт21 час
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло
-
Магазин23 часа
Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања
-
Магазин23 часа
Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци