Временска прогноза
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилност, а има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите како што веќе и претходно кажавме ќе бележат тенденција на ОПАЃАЊЕ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
НАПОМЕНА: Сето ова е поради влажната и нестабилна воздушна маса која од запад ќе ја зафати Македонија. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Стабилизација на времето и постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму. НАПОМЕНА: Викендов во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер препорачуваме своите автомобили да не ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт20 часа
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Кичево9 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Магазин2 дена
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Македонија2 дена
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили2 дена
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари
-
Магазин20 часа
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција