Кичево
Покана и распоред за главната Манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител
Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога, ја имаме честа да ве поканиме:
петок, 20ти септември
18:00ч. – празнична Вечерна богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а ќе претстојат Митрополитот Повардарски г.Агатангел и секако нашиот највозљубен Старец и Епископ Антаниски – г.Партениј.
Во текот на богослужбата, една искушеничка( Душица) од нашето сестринство ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.
сабота, 21 септември
7:00ч. – утрена богослужба.
8:45ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј.
9:00ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.
Потпирајќи се со цврста вера на Онаа Која е поширока од Небесата и Која Го роди Спасителот наш, ве очекуваме со голема радост заеднички да го прославиме роденденот на Мајката Божја и Мајката наша! Воедно, ќе учествуваме заеднички и во молитвите при чинот на монашкиот потстриг на нашата сестра. А за сето тоа да биде целосно исполнето со најубавото источно православно пеење, ќе помогнат нашите најдраги пријатели од Света Гора: архимандритите о. Матеј, о. Антипа, о. Херувим, монаси, псалти и други гости.
Преку нашиот медиум, ве посакуваме да го понесете со себе благословот од средбата со Чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева и повторно да доживееме духовно и телесно исцеление и обновување!
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
Кичево
Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи. „Ние не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубрето“.
Ова треба да не загрижи сите како град дека би било залудно комуналното претпријатие да чисти, ако сами не бидеме свесни и одговорни и тоа со намера повторно и повторно да го правиме.
Апелот од Јовановски ви го пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани,
– Ве молам да покажеме повисока свест и култура во нашето секојдневие. Сметот и ѓубрето треба да се одложуваат соодветно, во контејнерите предвидени за тоа.
На фотографиите јасно се гледа дека ЈКП „Комуналец“ редовно ги празни контејнерите, но дел од граѓаните упорно фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Таквото однесување ја нарушува чистотата и изгледот на нашата општина, а пред сè го загрозува здравјето и квалитетот на живот на сите нас. Затоа, ќе пристапиме кон опомени од комуналните редари, а доколку оваа практика продолжи, ќе бидеме приморани да примениме и казнени мерки, истакна Јовановски на своите социјални мрежи.

Кичево
„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното Fine Art печатење достапно во регионот. Принтот се врши со технологија и материјали што ниту една друга продавница во нашиот регион не ги нуди, овозможувајќи квалитет кој трае до 200 години.
Премиум материјали: Hahnemühle & Canon Fine Art архивска трајност 200+ години
Во понуда се користат архивски Fine Art материјали без киселини, од врвните светски брендови Hahnemühle и Canon. Овие материјали се стандарден избор за галерии, изложби и уметнички студија ширум светот, а кај нас доаѓаат во форма достапна за секој клиент што сака извонреден квалитет,
Сите хартии Hahnemühle се без киселина, архивски и се во согласност со ISO16245. Тие имаат највисока класа на издржливост и отпорност на светлина и ќе траат стотици години.
Предности:
- Трајност над 200 години без избледување
- Mузејски квалитет за највисока отпорност на стареење на платно и фотохартии
- Многу видови на текстура, перфектна репродукција на боја и неверојатна деталност.
Ова е Fine Art печатење не комерцијален принт.
Единствена понуда во регионот

„Canvas Print Media“ моментално е единствениот Fine Art печатарски студио во регионот кое работи:
- Со професионален принтер наменет исклучиво за фотографии
- Со оригинални Hahnemühle и Canon материјали
- Со архивски стандарди за квалитет
- Екстремно прецизна репродукција на боја,
- Целосна покриеност на Adobe RGB 1998,
- Голем избор на текстури и Финиш (сјајни, мат, сатен)
Бесплатна достава во Кичево
Вие испраќате фотографија ние се грижиме за сè до вашата врата.
Идеален избор и уникатен подарок што трае со години.
Што можете да нарачате?
- Принт на платно со слика по ваша желба
- Принт на Премиум фотохартија
- Уметнички репродукции
- Модерни принтови за канцеларии, хотели и кафе барови
- Welcome табли за родендени, свадби и др прослави
- Бебе постер, Акварел изработка и многу други Custom изработки
Сè со стандарди што траат.
Контакт и порака
За нарачки и информации, можете да пишете директно на нивните социјални мрежи или да посетите официјалниот профил за инспирација и примероци на фејсбук со кликнување ТУКА и инстаграм ТУКА место каде што фотографијата станува уметност.
/ПР
-
Кичево15 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина16 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
