Временска прогноза
Полека но сигурно долджливиот циклон си оди, така што ни доаѓаат пеколни температури
Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во текот на неделата која што ни следува ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време, а ќе биде и значително постабилно и посончево, иако во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се спушаат и до близу 20 степени, што значи топло ќе биде и во утринските часови.
Максималните дневни температури, особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели во текот на неделата истите се очекува да надминат и 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, а понекаде дури и 11 па на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето.
Кратка најава за претстојното лето: Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ и чести продори на топлотни бранови од Африка кој ќе условуваат температури до околу, па дури и над 40 степени и тоа во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, а повремено може да се очекуваат и ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (интензивен пороен дожд, можност за локални поплавувања, електрични празнења, силен ветер и појава на град), како и повремени освежувања на времето.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
– Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо време, на повидок снег во регионите над 1000м надморска височина
Од утре (среда), а особено од четврток 5.12.2024 следува подолг период на променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, каде очекуваме зголемување на снежната покривка.
Повремено, и тоа особено во западните предели снег ќе врне и на повисоките места, па така услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места, односно на надморска височина до околу 1000 метри, а таа повремено би можела да се спушти и под 1000 метри.
Ќе биде претежно тивко, а поветровито време очекувам во недела, и тогаш ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопскиот регион, исто така особено од четврток (5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, а повремено на околните планини ќе има услови и за повремен снег. Во недела ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, освен на високите места и на планините, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во четврток тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!
Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри.
Секако, во ваква ситуација во текот на овој месец секако дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа дека како што погоре најавив не очекуваат почести ладни продори од север.
Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори првиот снег би го донесле и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (5 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
-
Занимливости2 дена
Новиот универзум е тука, зад аголот е откриена ѕвезда три пати потопла од Сонцето
-
Автомобили23 часа
Вистина или мит: Дали е штетно полнењето гориво додека работи моторот на автомобилот?
-
На денешен ден1 ден
На денешен ден – 5 декември
-
Спорт2 дена
ФФМ упати покана за клубско лиценцирање за фудбалските клубови од прва, втора и трета лига