Кичево
(ФОТО) Кичевската екипа „Кеди Дизајн АНН Енерџи“ се избори за големото финале, ќе игра против „Гранд Истанбул“ од Лажани кои исто така победија во полуфиналето!
Во рамките полуфиналниот дел на турнирот во с.Вранештица ги дознавме финалистите кои директно ќе се соочат и ќе ги одмерат силите за „Илинден“ на 2-ри август.
Екипата на „Кеди Дизајн АНН Енерџи“ полуфиналниот меч против Печењара Љајче од Тетово го доби по пенал рулетот иако во регуларниот тек на утакмицата по надминати 5 фаули на гостите досудени од одличните судиски арбитри, дуото Марјан и Мартин Дејаноски, домашната екипа имаше шанса преку Аврамовиќ да го реши натпреварот но гостинскиот голман го прочита неговиот удар, така што по истекот на регуларните 20, се одиграа пенали – а домашната екипа беше поуспешна, секако благодарејќи и на одличната одбрана на нивниот чувар на мрежата.
– Инаку, доколку „Кеди Дизајн АНН Енерџи“ успее да го добие овој турнир против екипата на „Гранд Истанбул“ за нив тоа ќе бидат три последователни шампионски титули 22/23/24-та година, и со тоа практично би станале првата екипа која успеала три пати по ред да се искачи на првиот пиедестал, но останува да видиме, фудбалот е игра до последна минута!
„Гранд Истанбул“ неуморните момци денес покажаа зошто во големото финале, најпрво во првиот дел со одлична асистенција погодија за 0:1, додека во самиот финиш од мечот не дозволија израмнување и неизвесност, туку со мал дриблинг и прецизен удар од десната страна го зголемија водството за конечни 0:2 и место во големото финале.
Почитувани гости и љубители на фудбалот, повелете утре (2-ри август) со почеток од 20:00ч пред се во празнична атмосфера, на големо финале, вкусна храна, ладен пијалок, многу изненадувања и секако после доделувањето на наградите, ќе продолжиме со музика во живо заедно со одличните група „Седенка“
Во прилог повелете галерија преку нашиот објектив од полуфиналната вечер каде заслужено победија екипите кои покажаа по квалитетна игра, се гледаме утре!
Кичево
Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.
На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбе „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа од Кичево, настанал пожар.
Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а увид на местото извршија полициски екипи, за медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како и ланската година ТУКА, продолжува и оваа година, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна акција со илустрирани честитки!
Овојпат на располагање се свежи дизајни, од носталгични, зимски ноќи…
– Иако лани имаше супер одзив за персонализирани честитки, поради временска ограниченост, решив и оваа година да илустрирам и испринтам 4 дизајни кои од денес се достапни за продажба, за Порта.мк накратко истакна Ивана.
✨ 1 честитка = 50 мкд. ✨
💚 СИТЕ СРЕДСТВА НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ НАМЕНАТ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ! 💚
💌 НАРАЧКИ ВО ИНБОКС ТУКА! 💌
На линковите се хуманитарните дела, од искористените средства од претходните години:
https://tinyurl.com/2v7772es
https://tinyurl.com/m8k2bt5a
https://tinyurl.com/mrywnb5b
Инаку како што наведува таа на својата социјална мрежа, честитките ќе бидат достапни на неколку базари низ декември, вклучувајќи и на училишни базари на неколку училишта (средствата ќе одлучат како да си ги искористат самите училишта), а -можеби- и ќе имаат физичка локација за која што ќе Ве известам понатаму. Ама засега 💌 НАРАЧКИ ВО ИНБОКС! 💌
Дополнително истакна дека илустрациите ср правени со огромна радост и посветеност, така што ср надева дека ќе Ве инспирираат, како и претходни зими, така и оваа, заедно да стоплиме нечие срце 💚
СПОДЕЛЕТЕ, ПОРАЧАЈТЕ ЧЕСТИТКА, ДА ШИРИМЕ УБАВИ РАБОТИ! 💚
Секоја чест!
Кичево
(ФОТО) Концертот на Лука Лазарески кој се одржа вчера е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последниве неколку години!
Вчера во одличен амбиент и со максимална поддршка се реализираше долгоочекуваниот концерт на Лука Лазарески во АТВА Резиденс – Кичево. Беше навистина специјална вечер, вечер која го оправда вложениот труд, присутните уживаа во прекрасната програма, со настапите на Камерниот оркестар Битола, специјалниот гостин Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе. Дополнително, настапија Марко Лазарески, Тамара Грујеска, Теодора Матеска, Бојан Трајкоски, Наде Талеска
Водител на настанот беше актерот Владо Дојчиноски. Концертот да потсетиме е резултат на огромна посветеност, труд и љубов кон музиката благодарение на генералниот спонзор „Казино 77777“, како и поддршката од IStyle, Атва Резиденс Хотел, Атва Маркети, Автоделови Боби Доминатор, Макси Маркет, Горсај и Divano бутик Прилеп, поддржан од ПОРТА.мк, така што овој настан ќе биде запаметен како вистински културен спектакл, најдоброто нешто што му се случило на град Кичево последните неколку години!
Во продолжение, погледнете ја галеријата преку нашиот објектив, фотографиите се овозможени за download на следниот линк ТУКА:
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (12 декември)
-
Временска прогноза24 часа
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Магазин1 ден
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Спорт9 часа
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
-
Магазин1 ден
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Магазин1 ден
Threads тестира напредни функции за пребарување
-
Кичево1 ден
Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.