Временска прогноза
Попладне јужните краеви, додека вечерва на повеќе места нестабилно со пороен дожд
Денес во попладневните и вечерните часови во јужните, додека во текот на ноќта и утре и на повеќе места ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Потоа од недела до вторник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со температури кој ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36, 37 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАДНЕВО, ВЕЧЕРВА И УТРЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на појава на силен ветер своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Нова локална нестабилност се очекува од вторник попладне – повеќе информации околу ова понатаму.
Хост: Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево3 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија20 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Временска прогноза2 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Хороскоп17 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
