Македонија
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7 јуни 2025 година, регистрира серија земјотреси со епицентри во соседна Република Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути, чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML5.2.
Земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од ЦУК.
Извор: ЦУК
Македонија
Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од неколку недели на гробиштата во с.Косевица, општина Македонска Каменица, биле оштетени надгробните плочи од гробовите на неговите починати родители.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Македонија
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности

Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РМ ќе реализираат тактичко-технички активности.
Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).
Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево1 ден
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Спорт1 ден
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Спорт1 ден
Младиот шпанец Карлос Алкараз обезбеди место во финалето на Ролан Гарос
-
Спорт5 часа
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!