Кичево
(ВИДЕО) Се врши проценка на штетата од поплавите, околу 100 куќи биле поплавени во Кичево, најзагрозени се жителите на „Прилепска“

Околу 100 објекти се погодени од поплавите кои се случија во понеделникот во Кичево. Најпогодена населба е „Прилепска“ која се наоѓа во непосредна близина на „Зајашка“ река, во месноста викана „Сточен пазар“, но и неколку други населби.
Од Дирекцијата за заштита и спасување во општина Кичево беа на терен за да ги евидентираат штетите, а велат дека најоштетени се куќите без изолација и тие кои се изградени со слаб материјал.
Во есен и зима, реките „Зајашка и Треска“ често се излејуваат од своето речно корито, така што претставуваат голем ризик за жителите кои живеат во непосредна близина. За сега луѓето кои беа најпогодени се вратија дома во своите домови, каде за време на дождливите ноќи престојуваа во спортската сала „Христо Узунов“ нас. „Иванидол“
Проследете ја целосната репортажа на ТВ21
Извор: ТВ21
Автор: Салије Садику
Кичево
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево2 дена
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија11 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Македонија11 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија1 ден
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!