Следете не

Кичево

Пополнета рубрика 2024: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате

Објавено пред

на

©porta.mk

Кога ќе те прашаат: „Од кај си?“, ти им викаш: „Од Кичево“. Е, често пати потоа те гледаат коцкесто бидејќи врска немаат каде е тоа Кичево. А, богами, треба да имаат. Можеби те фрустрира што тоа се случува, ама не треба. Не си паднат од Марс, од Кичево си. ЕЕЕЕЈЈЈ, ОД КИЧЕВО! Општественици кои дале значаен придонес за Македонија, револуционери, политичари, уметници, пејачи, спортисти, бизнисмени, професори, знајни и незнајни градители, преродбеници, просветители, светители… место на големи битки и големи подвизи… од сево ова има токму во Кичево. Ретко кое место ги има. Затоа ич не се фрустрирај, потруди се да си го заслужиш своето место во списоков, p.s. секогаш ќе има некое име изоставено, неможеш па и сè да знаеш, не се нервирајте, ќе надополнујме плус/минус..:

  • Свети Александар (IV век) христијански маченик и светец има храм само во Кичево (Белица). Веројатно и самиот потекнува оттука.
  • Кита, сестрата на Крале Марко е кичевчанка.
  • Предците на Мустафа Кемал Ататурк, (светски државник и татко на современа Турција) имаат потекло од Кичево, пред да се преселат во дебарски Коџаџик.
  • Кичево е едно од најстарите христијанизирани места во Македонија (III-IV век). Помеѓу првите христијани биле и кичевчани
  • Во Кичево има над 200 цркви од кои половина опстојуваат до денес. Најстарата (Свети Ѓорѓи Кнежински) е стара повеќе од 1600 години.
  • Во Кичево, (село Речани Челопечко) се произведувала свила пред 500-600 години.
  • Просветителот Јоаким Крчоски е од Кичево
  • Преродбеникот Кирил Пејчиновиќ творел долго време во манастирот Пречиста
  • Маја Цветановска-Трајкоска успешен гинеколог акушер, актуелен директор на кичевската Болница, нејзиното познавање во докторската фела е прочуено на секаде!
  • Онлајн медиумот „Порта.мк“ е од Кичево, 7 години единствен портал на македонски јазик во градот.
  • Дедо Козма Пречистански (село Орланци) владика и борец за народно ослободуваење на Македонија е од Кичево
  • Зоран Дукоски – Дуко беше познат кошаркар и тој беше од Кичево.
  • Зоран Попоски во свое време еден од најпопуларните спортски коментатори беше од кичевско.
  • Дола Софронијоска прва и последна радио водителка.
  • Радио Александар Македонски е од Кичево, над 30 години во етер
  • Стојан гајдаџијата, Миливој Миладиноски кавалџијата, Миле Бајдески (најдобар за тамбури), Љупчо Грујоски композитор, Зора Спироска композитор (Еј Деспино)
  • Јероѓакон Јосиф Пречистански, духовник и револуционер од манастирот Пречиста
  • ФЛЕРТ Клуб од Кичево на Влатко Перо и Влатко Пунч траеше 2 години – но се прочу на секаде во Македонија и Балканот, останува во историјата…
  • Група Карди Дамси на чело Дон Дуче беа жива атракција на времето, оформени далечната 1966г.
  • Гоце Костески – Пекос
    Своевремено боди – билдер судија, учесник на натпревари и фитнес инструктор. Важел за еден од најспремните во негово време.Екс директор на славна Копачка, и ден денес на 70 години активен боди билдер рамо до рамо со нас младите.
  • Телевизија Кале и Телевизија Боем во Кичево оставија длабок траг во медиумскиот почеток, особено познат на “Боем” беше водителот и општественил Бранислав Стојаноски, новинар, водител и музичар.
  • Александар Трајкоски, македонски репрезентативец во фудбал, играч на хрватски Хајдук, претходно бил истакнат член во Белгиското првенство, влечи корени од Кичево.
  • Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево бил еден од главните центри на писменоста во Македонија. Поседувал голема библиотека. Делови од неа се наоѓаат по архивите во Македонија и странство. Изгорена од грчкиот дебарски владија Мелетиј (1849).
  • Во близина на Кичево, кај селото Извор, се наоѓа изворот на Треска – четвртата најголема река во Македонија! Долината на
    Треска тече по јужниот дел на Кичевската Котлина, па потоа минувајќи низ цело Порече, се влева во Вардар кај Ѓорче Петров во Скопје.На 15 километри западно од Кичево, во близина на Горно Добреноец, по текот на реката Студенчица се наоѓаат Самовилските водопади – на надморска височина од 1250 метри.На 10 километри од Кичево се наоѓа еден од најпознатите средновековни манастири во Македонија – манастирот „Света Богородица – Пречиста“ (Кичевска) изграден во 1316 година.✳ Во XIX век, овој манастир станува центар на преродбата на македонскиот народ. Овде се отворени и првите ќелијни училишта каде што учителстувале првите македонски преродбеници Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски – за кој се знае дека имал потекло од Кичевско.✴ Во кичевското село Кнежино, се наоѓа манастирот „Свети Ѓорѓија“ основан во XI век. Во манастирскиот двор се наоѓаат две чешми од коишто потекува изворска вода која народот ја смета за лековита.✴ На самиот центар на градот, се наоѓа познатото археолошко наоѓалиште Китино Кале – денес уреден парк за рекреација со големи туристички потенцијали. Според легендата, на Калето се наоѓала тврдината на Кита (сестрата на Крале Марко) која во XIV век владеела со градот и целата област. По Кита – и градот го добил името Кичево.✴ Регион на голем број на револуционери и војводи од илинденскиот период: Јордан Пиперката од Козица, Ванчо Србаков од Вранештица, Дуко Тасев од Јудово, Арсо Мицков од Подвис, Наќе Јанев од Лавчани итн.Населението во Кичевско масовно учествува во Илинденското востание, а на 4 август помеѓу селата Карбуница и Кладник се одиграла најславната битка по Востанието во Кичевско – Битката на Ѓурѓејца во којашто востаниците имале убедлива победа, додека на страната на османлиската војска се броеле големи загуби.Во спомен-костурницата во Кичево се наоѓаат посмртни останки на 555 борци кои во текот на војната загинале за ослободување на Кичево и Македонија!Од нив, вкупно 323 жртви биле од Кичево и Кичевско (217 борци и 106 цивилни жртви) и уште 232 борци од други краишта на Македонија и тогашна Југославија!Првиот ослободен град во Македонија во Втората светска војна! На 11 септември 1943 година, Првиот и Вториот мавровски одред го заземаат Кичево, а следниот ден им се приклучил и Првиот македонски батлајон „Мирче Ацев“ со што била создадена слободна територија од Буковиќ на север до с. Ботун на југ. Слободната територија траела само 21 ден.Кичево во рок од една година (1943 – 1944) е вкупно шест пати ослободуван од балистичкиот окуптарот и со тоа го носи епитетот „најослободуван“ град!✴ Во центарот на градот се наоѓа музејот „Западна Македонија во НОБ“ во зградата којашто во слободната територија била седиште на Главниот штаб на НОБ.✴ Во кичевското село Подвис е отворено ПРВОТО училиште со настава на македонски јазик во слободна македонска територија. Првиот учител бил Василко Лазарески.✴ Кичево е родно место на еден од најшколуваните Македонци од почетокот на XX век – Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, секретар на Првото заседание на АСНОМ. Протеран на Голи Оток во 1951 година!✴ На планинскиот огранок Лопушник, јужно од Бистра, за време на НОБ се наоѓал главниот штаб на НОБ и ПОМ. На ова место загинал и македонскиот револуционер и поет Кочо Рацин и тука се наоѓало неговото прво почивалиште.
  • Манастирот Свети Ѓорѓија (село Кнежино, Кичево) бил фрескоживописан од познатите мајстори Михајло и Ефтихиј, едни од најпознатите во средновековието. Овој духовен центар сеуште не е доистражен.
  • Мартина Димоска е првата жена Аналоген Астронаут на Балканот со опширно вселенско образование. Таа е Основач и Претседател на ‘Меѓународна Вселенска Алијанса’ со седиште во Кичево, Македонија и Сан Франциско, Америка. Мартина е една од ретките пионери за развој на Вселенскиот сектор на Балканот, таа е исто така и главен организатор и единствена со два договори со истражувачките центри на НАСА (Амес и Глен) за “Предизвикот за Вселенски Апликации на НАСА”. Мартина има многу следбеници на социјалните мрежи поради напредните размислувања и неконвенционални ставови и решенија, како и едукативните содржини за вселенскиот сектор.
  • Поп Тома Николов (село Вранештица), свештеник и македонски револуционер, претставник од Кичево на Смилевскиот конгрес.
  • Претседател на ДПМ (Друштво на писатели на Македонија) бил
    кичевчанецот Живко Грозданоски, во тоа време била важна функција.
  • Дамјан Груев, еден од основачите на ВМРО има потекло од Кичево (Мијак од некогашното село Лопушник)
  • Фудбалот во Кичево се игра еден век. Првата фудбалска топка во Кичево (село Велмевци) е донесена во 1909 година.
  • Мис Екранова Убавица се одржуваше каде ако не во Брждани кичевско, на тој настан се собирале над 5000 гости
  • Јордан Пиперката (Козица), Арсо Мицков (Подвис), Ванчо Србаков (Вранештица), Наќе Јанев (Лавчани), Дуко Тасев (Јудово), Симеон Савев (Јагол), Димитар Спространов Васил Попов, Анѓеле Бунгуров, Стојко Богданоски (Пополжани), Лазор Груески (Белица), Стојко Богданоски (Пополжани), Александар Радески (комита во четата на Александар Турунџе), Костантин војводата (село Рабетино), Синадин Бомбашот (Брждани/Другово, го минирал турскиот затвор во Кичево, осуден на 101 година, живеел повеќе од 100 години)… се од Кичево и уште стотици повеќе или помалку познати но не и понезначајни револуционери од Илинденската епопеја.
  • Филип Михајлоски, маестро, музичар на Канон, еден од најретките и најтешки инструменти е од Кичево.
  • Вања Трајкоска денес професор по спорт, а инаку прва гимнастичарка државен првак во гимнастика и ракометарка кога Рк Кале беше вице шампион и играше во Европа
  • Загинатиот македонски бранител Миле Гиноски-Гина е од Кичево
  • Саве Крстески и Јордан Димоски од Кичево се првите пратеници од Македонија во 80-тите во ЦК Југославија, соработувале со Стане Доланц и останатите.
  • Во Кичево за прв пат Кичево го доби првиот Правен факултет со четворица доктори на правни науки кои предаваат на него: Проф д-р Светлана Вељановска доктор на правни науки – редовен професор и актуелна Деканка на ПФК , Проф д-р Саша Дукоски – редовен професор , проф д-р Пакиза Туфекџи-вонреден професор и Проф д-р Лазе Јаќимоски-вонреден професор.
  • Револуционерот Лука Ѓеров голем дел од своето комитаиџство го поминал во Кичево
  • Кичево де факто е првиот ослободен (накратко) град во Илинденското востание. Неколку часа пред ослободувањето на Крушево, во 1 по полноќ четите на МРО ја принудиле турската војска на бегство по што и самите се повлекле.
  • Во Кичево (месност Ѓурѓејца) се има одиграно една од најславните битки во Илинденското востание каде гради во гради се судриле четите на МРО со турската војска и башибозук. И однеле победа која го кренала моралот на населението низ цел востанат Битолски Округ. Покрај ова, се воделе жестоки борби во село Извор, Подуач кај Речани, низ Копачијата, кај бродското Теќе…
  • Бранко Наумовски претседател на уставен суд, Александар Наумовски екс градоначалникот на Ѓорче Петров и тие се од Кичево (Букојчани)
  • Кичево е првиот ослободен град (11 септември 1943) во Македонија за време на НОБ. Ослободувано е вкупно шест пати.
  • Бојан Ѓошиќ од Кичево е човекот кој во поново време отвои прв музичка школа во Кичево, а од таа школа произлегоа голем број таленти, Наум Стефаноски, Лука Лазарески и останатите дечиња.
  • Кичевските бендови INERHATE и HARDFACKED секаде го претставуваат градот во најдобро светло
  • Кичевчанецот Александар Томески „Чоке“ е најмладиот „дебитант-шампион“ до 125 кубици на мотодромот од 2050м со својата „Honda NSR“ –  беше големо изненадување за град Кичево и Македонија, речиси и да нема кој да се пофали со таков подвиг, да влезе на стаза и да стане апсолутен шампион.
  • Пеце Китаноски е од Кичево, музичар во познатата група Мизар.
  • Извидничкиот одред кој е 3 по ред оформен во Македонија е токму кичевскиот.
  • Владо Личоски – Личо, своевремен боди билдер, учесник, тренер неговата теретана во Кичево важела за една од најспремните во тоа време
  • Проф Д-р Ѓорѓија Сајкоски, историчар, поранешен заменик министер е од Кичево
  • Дејан Богданоски, тапанар, член на групата „Престиж“ познат оркестар на пејачот Спасен Сиљаноски, претходно 16 години бил првиот тапан на културнно уметничко друштво, важи за еден од најдобрите млади тапанари кои ќе остават траен белег во книгите на музичарите кои се од Кичево, а биле тапанари.
  • Првото училиште на народен македонски јазик е отворено Кичево (село Подвис). Предавал учителот Василко Лазарески
  • Марјан Тренески, над 20 години со најразлични резби, три самостојни изложби, работилница на отворено и други заеднички настани е од Кичево
  • Народниот херој Мирко Милески, Олга Мицеска, Нико Пусоски, Јанко, Миха и Флора Михајлоски, Драге Карбуничанец, Томе Букле, Санде Штерјоски, Борис Алексоски Карче, Иван Трпески, Исеин Акиоски, Мемедалија Велиоски, Амит Челопечанец, Душан Јовески, Цветко Јаковлески, Стојмир Пантилески, Живко Туфекџиоски, Иван Трпески, Љубица Богеска, Драге Богески, Левче Стефаноски – Тарзан (Карбуница)… и стотици други се од Кичево.
  • Д-р. Владимир Полежиноски, творецот на асномските документи за слободна Македонија е кичевчанец
  • Брендот АТВА / АТВА Маркети / АТВА Резиденс многу години лидери во Кичево
  • Др. Борис Спиров, лекар, револуционер, професор и втор претседател на македонското Собрание е од Кичево (Брждани).
  • Кристијан Данилоски (FX 3X) вработен во Холивуд (филмски анимации), баткава живееше и растеше во куќана напуштена до Пошта/Фото Стојан.
  • АвтоСервис Боби, ја донесе првата Хонда цбр во Кичево, дур имавме уште партизанки
  • Матко, легендарен лик, претседател на мото друштво.
  • Мите Пункер од Кичево, легенда беше и легенда ќе остане.
  • Зоран Циго, големо име.
  • Трене Миладинов (од Атишта), адвокат, ученик во Солунската гимназија, пријател на Гоце Делчев, Петар Поп Арсов, Јане Сандански. Стрелан за идеалот за самостојна Македонија.
  • Кочо Рацин работел во кичевско каде е убиен и почива на Лопушник, кичевско
  • Томе Момировски, македонски раскажувач, романсиер, есеист, критичар и преведувач е од Кичево
  • Горан Стојаноски, македонски писател е од Кичево
  • Писателите и писателките Оливера Ширговска (основач на ЛК Китка), Алексо Тришоски (Поетско Ехо), Наташа Наумовска, Лидија Аврамоска, Јован Миноски, Војо Богданоски и останатите се од Кичево
  • Кочо Зердески еден од најистакнатите фудбалери во свое време, играч на ФК Напредок, неговиот син Никола беше успешен голман
  • Актерот Гоце Тодоровски е роден во Кичево
  • Мето Петроски, македонски снимател, филмски и телевизиски режисер е од Кичево (Иванчишта)
  • Косара Гочкова, македонски писател за деца е од Кичево
  • Почит и за кичевските кошаркари, можеби во други времиња и места ќе имаа сигурно NBA кариера, но барем ја исполнуваа душата: чичко Симо Илијески, Лазо, Максим, Саво, Тоше, Бубе Јончиќ, Мирсад, Ерол, Енсер, Влатко, Бубе, Пепи, Горан, Доне, Ристо, Симо, Лоле, Љупче од постарата генерација, а од помладата, Томче, Ацо Станкоски, Хитлер, Арди, Линдијан, Цеко, Никола, Дарко Мече, Бојан, Александар Димитров „Буге“, Диме Станкоски, Марјанчо Ефремов, Писарон, Миќо Илиески, Мерит Пурелко, Дејан Мушичено, Иван Костески, Дамир Новески, Слаткарон, Здравко, Жутион, Кице, Боби Крагуески, Д-р Ило, браќата Наум и Дејан Личоски, Боро Ристески, Бехар итн..
  • Во Кичевско се зборува најчистиот македонски говор. Потврдено со истражување од пред 30-тина години.
  • Во Кичево од 1945 до 1991 постоеле групи кои активно се залагале за самостојна Македонија
  • Во Истанбул во луксузниот кварт Бајрампаша гордо се кажуваат дека се од Кичево.
  • „Распеани кичевчани“, другарството од деца сега се преточи во непрофитен фолк ансамбл
  • Нико Букле, македонски филмски работник – снимател, е од Кичево.
  • Спасен Сиљаноски, пејач, композитор, омилен на македонската публика, посебно стана познат по неговите големи вирални хитови „Ќе ти дојдам“ и „Мајка“
  • Љупче Угрин, градоначалник на Кичево од седумдесеттите, човек пред своето време. Мозок.
  • Раде Момироски (бизнисмен) од Белица, човек кој зрачи со позитивна енергија, промотор на селската убавина. Ретко кој може да даде толку многу како него.
  • Миле Грозданоски, режисер на дел од серијалот „Тврдокорни“ и на многу други дела, е од Кичево (Бигор Доленци)
  • Дарко Ѓорѓијоски програмер, врвен професионалец во ИТ индустријата е од Кичево
  • Професор Осман Кадриу, Мито Спасевски, Крсте Дејаноски, Ленче Петреска, Саша Дукоски, Иво Дукоски… и низа други општественици се од Кичево.
  • Академик Владо Матески е од Кичево
  • Академик Петар Христаќиев Илиевски е од Кичево (село Бигор Доленци)
  • Горан Ѓорески (Тато) – над 30 години професионален шофер во кичевска Болница, ценет и почитуван господин, кој секогаш е прв да пружи помош
  • Стојмир Симјаноски – Марсовецот, учител, писател и општественик, човек со младешка енергија на стари години, кичевчанец родум од Иванчишта.
  • Омер Калеши, сликар со светско реноме
  • Јеромонахот Григорие (с.Цер) Богослужел во нашиот кичевски Манастир Св.Пречиста и го замонашил нашиот прв владика Г.Г. Доситеј.
  • Проф. Весна Стефаноска една од најдобрите професорки по музичко и хорско пеење, нејзиниот син Зоран Стефаноски е мулти инструменталист гитарист, басист, тапанар, има издадени седум музички проекти, комплетен автор на музика и изведба на три инструменти. Познат на музичката сцена, исто така е од Кичево.
  • Моделот Христијан Стојаноски од Кичево исто така е далеку заминат низ светска слава, позирајќи за најголемите светски брендови – никогаш не го заборави Кичево и обичаите.
  • Драган Белион го отвори првиот модерен кафиќ за тоа време во Кичево (Кај Белион)
  • Дарко Цветаноски, видеограф, за него времето допрва доаѓа.
  • Ноќни клубови „Enigma и Медиум“ – Кичево, своевремено беа најголеми во регионот на кафиќи, кафани, клубови… по глава на жител во Македонија. „Еснафот кафе дома не пиет!“ 🙂.
  • Синиша Павлески, филателист и колекционер од Кичево
  • Мире Спасеноски Д-р по науки, професор и продекан на фак. Св.Кирил и Методиј, по потекло од с.Староец – кичевско, важел за многу ценет и респектиран професионалец.
  • Софе Штерјоски, светски познат сатиричар, афористичар, поет и писател, популарен автор на хумор со „Аврам информира Аврам коментира“, роден во с.Лавчани – кичевско
  • Калиопи Букле, македонската поп-дива е кичевчанка
  • Владо Јаневски, пејач со потекло од Кичево (Бигор Доленци)
  • Своевремени легенди од кичевската Брза помош Чоме & Љубе Кундакот
  • Виктор Стефаноски „Шевињон“, успешен бизнисмен, од Кичево
  • Газдата од „Солета“ е роден кичевчанец!
  • Мирослав Мирчески, млад пејач и композитор, омилен кај помладата публика.
  • Фирмата Горсај, над 30 години успешно претпријатие на пазарот
  • Лука Лазарески, млад пијанист, апсолутен талент, за него допрва времето доаѓа на домашна но и на светска сцена.
  • Владимир Талески Двојче, битолскиот екс градоначалник, е роден во Кичево
  • Диме Цветаноски – Мајката, врвен актер и професор од Кичево
  • Христијан Трајаноски, македонски пејач, потекнува од Кичево, за него допрва времето доаѓа.
  • Мето Колоски, претседател на Македонската Обединета Дијаспора има кичевски корени (село Белица)
  • Ракометарките и репрезентативки Наташа Коцеска, Даниела Новеска, голманката Дијана Наумоска… се кичевчанки.
  • ФК Напредок е клуб кој има скоро 100 години традиција. Ретко кој друг клуб во Македонија има толку зад себе.
  • Кичевските пекари го прават најубавиот бурек во светот
  • Перо Трајкоски, своевремено фудбалер на ФК Напредок, особено опасен на теренот, сега во пензија, познат по сите ЈУ простори. Тука се и Зоран Ѓорѓијоски, Санде Божиноски, Мики Лазарески, Лазе Ангелески, Марјан Ристески и Милаим Демири. Синиша Петрески, Љупче Вренцоски, Благоја Никодиноски и Фрањо Павичиќ.
  • Фудбалерот Бесарт Ибраими од Грешница (Кичевско) со старт од ФК Напредок успеа до ФК Шалке Бундес Лига па натака..
  • Игор Николаевски, успешна фудбалска кариера, ценет и почитуван, своевремено оформува фудбалски клуб „ФК Кичево“, тренер кој неговиот тим руши рекорди во домашната лига
  • Драган Силјаноски (екс Напредок) е еден од многуте успешни фудбалери од Кичево кои се пробиле во странските лиги. На добар пат тоа да го направи во Белгија е и Влатко Стефаноски.
  • Вулканизер & Автоперална ВИКТОР над 30 години лидери во Кичево
  • Антонио Милошоски, поранешен Министер за Надворешни работи на Република Македонија и актуелен пратеник е кичевчанец
  • Борис Костадиноски, еден од најдобрите столари во свое време во фабриката „Копачка“ – неговите продукти и ден денес служат.
  • Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски, актуелен премиер на Република Македонија влечи корени од Кичевско
  • Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљаноска-Давкова влече кичевски корени, односно од с.Лавчани по еден родител.
  • Илија Китаноски, поранешен градоначалник на Кичево, долгогодишен политичар, екс пратеник во Македонското Собрание. Кичевчанец.
  • Имаме и успешни новинарски имиња по актуелни телевизии, Бојан, Јана Јосифоска, Бојана Димитријевска и Ивана Настеска од ИРЛ кои ги заслужуваат сите почести.
  • Екс Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е од Кичево
  • Деспотоски Игор од Кичево, програмер, креатор со многу ИТ сертификати признати во странство.
  • Македонскиот Амбасадор во Украина, Аце Спасеноски, (поранешен министер за Земјоделие) е кичевчанец
  • Војо Стојаноски, Биљан Стојаноски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски, Златко Миладиноски итн, сите од фамилијата на големиот пејач на македонската народна музика се кичевчани (од село Букојчани и Јаорец)
  • Кичевското легендарно Такси „Краљо“ и шофер и поранешен газда Зоран Георгиевски држи рекорд во најдолга релација за возење од Кичево до Шведска од неверојатни 2300 km правец, а вкупно 5300 до дома.
  • Влатко Лозаноски, македонската поп ѕвезда е кичевчанец. Неговата сестра Марија е писател чие време допрва доаѓа.
  • Небојша Толески, македонски моден креатор е кичевчанец
  • Владо Толески, ретко успешен стопанственик од Кичево
  • Даниел Божиноски, дипломиран професор по музика, успешен саксофонист, познат на македонската музичка сцена.
  • Кичевската ликовна колонија, настан од светско реноме кој во Кичево го донесе врвот на светската уметност, а со тоа и го промовира Кичево во светот
  • Познатиот македонски рапер Тони Зен има кичевско потекло (Брждани)
  • Раит Ќорото, кларинетист кој се раѓа еднаш на векот
  • Просечен кичевчанец е од Кичево 😁
  • Адријан Гаџа влече кичевски корен по мајчина страна
  • Кичевските програмери Теодос Пејоски и Никола Миноски беа дел од тимот кој освои прво место на натпреварот за Самсунг Апликации. Нивната апликација Crack Your Screen е симната повеќе од 7 милиони пати на Google Play Market.
  • Митре Богданоски прекар (Вујче Мице) – 3 пати првак на Македонија во биљарто (кегли) – држи рекорд уште од една штека!
  • Перица Костоски – Џибит (своевремено свирел со Бело Дугме), Дарко Са Миладиноски (поп пејач)
  • Кичево своевремено имаше најголем број на кафиќи, кафани, клубови… по глава на жител во Македонија. „Еснафот кафе дома не пиет!“ :).
  • „Овдевака, онденака“ кој друг има толку точен збор во својот дијалект освен Кичевчани? Нормално, никој 🙂
  • Гравити кафе клуб, легендарен локал, штета што не постои веќе.
  • Првиот кафемат во Македонија е донесен (нормално) во Кичево. Во Кичево еспресо, капучино (и сите други „чина“) се пиеле пред другите да дознаат за нив. Го донел газда Бедо Канзоски.
  • „ФОТО Зоран“, над 80 години продукциска куќа за видео и фотографија, нивниот внук Јове сигурно успешно ќе ја продолжи таа богата традиција
  • Познатиот македонски DJ Бабура (Љупче Петрески) беше од Кичево (село Иванчишта), неговиот внук продолжи по стапките и сега е успешен DJ.
  • Ангела Ставреска, дизајнерката на парфемот за Британската кралица Елизабета Втора е кичевчанка по мајчина страна (фамилија Новески)
  • Дејан Мицкоски – Бушман,  Dj Dee NYC Music producer, Dj & Manager во Њујорк. Пример за момче кое го следеше сонот… и успеа. Кичевчанец!
  • Веле Стојкоски, поранешен директор на Македонската Радио Телевизија. Кичевчанец.
  • Влатко Стојкоски, директор на Државна пазарна инспекција, успешен кичевчанец.
  • Душан Ристоски од село Иванчишта Кичево професор, публицист и долгогодишен директор на Музеи на западна Македонија во НОВ Кичево, автор на многу историски трудови посветени на овој регион
  • Мирослав Спироски, долгогодишн новинар, аналитичар и општественик. Кичевчанец (село Србјани).
  • Зоран Антоски, долгогодишен новинар, општественик, старограѓанин од Кичево.
  • Милован Стефановски,  македонски писател. Кичевчанец.
  • Дедо Велко Богданоски главен машиновоѓа на вовчето Ќиро, своевремено го барале по Југославија, но решил да остане тука се до крајот на животот, верно служел за потребите на кичевчани.
  • Живко Новески, македонски поет и писател од Кичево
  • Живко Врапчарот легенда од старите времиња, за него книга може да се напише.
  • Енвер смртон, легендарниот газда на елитна кафана во 70-тите во Кичево.
  • Муамед Сејдини (Мети), екс претседстел на Фудбалската федерација на Македонија, долгогодишен бизнисмен е од Кичево.
  • Автолакер Дуле Софески, убедливо најдобар во автолакерската индустрија има низа сертификати добиени во други држави е кичевчанец.
  • Зоран Стојаноски, поет и кичевчанец кој напиша цела книга посветена со носталгични песни за родното Кичево.
  • Бошко и Игор Трпески, татко и син, познати спортски водители од ТВ Сител. Кичевчани (село Бигор Доленци)
  • Љупчо Цветкоски, долгогодишен водител во Македонската Радио Телевизија.
  • Борче – Борис Лескароски – големиот карате мајстор кој повеќе од 30 години живее и работи во Швајцарија
  • Дејан Милошевски – Чобачо – Повеќекратен државен Шампион во карате во Македонија и САД. Воедно и прв Европски и Светски карате судија од Кичево. Сега живее во Чикаго, САД и работи во болницата Нортвестерн Мемориал. Своевремено оформи школа „Милошевски маршал артс“ (ММА), каде вежба карате со деца од 3+ години. Во 2024 година беше прогласен за македонски карате амбасадор, амбасадор на мирот, а подоцна и за Македонија 2025 амбасадор и Ислаа амбасадор за лидерство.
  • „Аааааееее?“ „-ееееее!“ „иииијјаааааеееее“ – Дали во некој друг град со муабет од 4 букви некој може да се разбере подетално? Only in Кичево!
  • КУД „Нико Пусоски“ (77 години традиција), КУД „Бисер“, КУД „Младост“, КУД Рацин, Културно уметничките друштва од Кичево кои со децении на врвен начин ја негуваат и презентираат пред светот богатата народна култура на Кичево и Македонија.
  • Бошко Тренески – Паганини, професор, музичар, уметник и долгогодишен директор на националниот ансамбл „Танец“, човек кој има освоено безброј награди и долго време го водеше хорот при гимназијата „Мирко Милески“. Кичевчанец
  • Христина Ристеска игра во женската постава на Танец, како и тамбурашот Златко Димитриоски – и двајцата се од Кичево.
  • Музичката рок-група „Медузи“ кои во седумдесеттите и осумдесеттите години растураа низ Кичево и Македонија. „На кале растени“, кичевчани
  • Музичките групи од Кичево: Гвидони, Метална Крв, Аргус, Рејвен, Армагедон, Мегатон, Мелиса, Line Out, Рација, Зодијак, Слеп Хоризонт, Black Velvet, Dooble Trouble, Final Gate, Wendigo, Текран, 4 Free… (сигурно пропуштив, надополнете ме), млади деца од ученичките клупи кои растураа за време на викендите.
  • DJ-ите од DBR група (Dimitry Mk), Арди Флекс, Панишер, Боше, Даџе, Лабе & BamBa од постарата генерација, па DJ DaDi & JovaN (за поновите генерации), ех, ..колку „лета господови“ сме поминале со невните музики во Стефано…), Бушман (споменат погоре), Бранчез… (сигурно пропуштив, надополнете ме) кичевските DJ-и, едни од најдобрите во Македонија…
  • DJ Никола Илиевски (роботика)
  • Тане Стефаноски, музичката енциклопедија, DJ, човекот кој многу придонесе за развојот на квалитетната музика во Кичево со децении наназад. На прсти се бројат луѓето во Македонија кои го имаат неговото музичко познавање. Ние го имаме тука, кај нас, во Кичево
  • Слободан Милошески, вајар од Кичево, автор на спомен обележјето посветено на Првото заседание на АСНОМ
  • Лилјана Седлар, глумица играше во Популарната серија од осумдесеттите „Бољи живот“. По потекло е од село Кнежино од фамилија Миноски
  • Проф. д-р Лазе Јаќимоски актуелен професор на правниот факултет во Кичево, заменик министер за јавна администрација 2024г.
  • Илина Арсова, првата македонка која се искачи на Монт Еверест е по потекло од Кичево, внука на акедемикот Петар Хр. Илиевски од село Горно Бигор Доленци – преселени во село Староец

Извор дел: www.kicevo.mk

Кичево

(ФОТО) Концертот на Лука Лазарески кој се одржа вчера е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последниве неколку години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера во одличен амбиент и со максимална поддршка се реализираше долгоочекуваниот концерт на Лука Лазарески во АТВА Резиденс – Кичево. Беше навистина специјална вечер, вечер која го оправда вложениот труд, присутните уживаа во прекрасната програма, со настапите на Камерниот оркестар Битола, специјалниот гостин Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе. Дополнително, настапија Марко Лазарески, Тамара Грујеска, Теодора Матеска, Бојан Трајкоски, Наде Талеска

Водител на настанот беше актерот Владо Дојчиноски. Концертот да потсетиме е резултат на огромна посветеност, труд и љубов кон музиката благодарение на генералниот спонзор „Казино 77777“, како и поддршката од IStyle, Атва Резиденс Хотел, Атва Маркети, Автоделови Боби Доминатор, Макси Маркет, Горсај и Divano бутик Прилеп, поддржан од ПОРТА.мк, така што овој настан ќе биде запаметен како вистински културен спектакл, најдоброто нешто што му се случило на град Кичево последните неколку години!

Во продолжение, погледнете ја галеријата преку нашиот објектив, фотографиите се овозможени за download на следниот линк ТУКА:

 

Прочитај повеќе...

Кичево

Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!

Објавено пред

на

©porta.mk

Последни 24 часа до концертот на Лука Лазарески!

Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески, кој ќе се одржи утре, 7 декември 2024, во 20:00 часот, во Атва Резиденс, Кичево.

Вечер која ветува вистинско музичко доживување, со настапите на Камерниот оркестар Битола и специјалниот гостин Игор Џамбазов. Дополнително, ќе уживаме во настапите на истакнатите гости Марко Лазарески, Тамара Грујеска, Теодора Матеска, Бојан Трајкоски.

Концертот е резултат на огромна посветеност, труд и љубов кон музиката. Благодарение на генералниот спонзор Казино 77777, како и поддршката од Istale, Атва Маркети, Автоделови Боби Доминатор, Махи Маркет, Горсај и Divano бутик Прилеп, овој настан ќе биде запаметен како вистински културен спектакл.

Не ја пропуштајте оваа прилика да бидете дел од вечер исполнета со уметност и емоции. Обезбедете го вашето место и придружете ни се во оваа магична музичка приказна, настанот ќе биде поддржан од нашиот тим ПОРТА.мк, се гледаме!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Одрон на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно кај кичевското село Белица

Објавено пред

на

Предмалку до нашиот медиум пристигна информација дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, потточно помеѓу кичевските села Белица и Кладник има остатоци од карпа (одрон) на сама кривина.

Кон местото исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат, што значи, апелираме за поголемо внимание во сообраќајот, додека се санираат остатоците од одронот.

Напомена: Овој регион поради обилните врнежи од дожд/снег речиси секоја година се случуваат слични случаеви.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

Утре е Св. Ѓорѓија, заштитник на сиромашните, лекар на немоќните – за многу години слава и именден!

Утре верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава и се чекаат гости денес и...

Македонија6 часа

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на...

Кичево8 часа

(ФОТО) Концертот на Лука Лазарески кој се одржа вчера е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последниве неколку години!

Вчера во одличен амбиент и со максимална поддршка се реализираше долгоочекуваниот концерт на Лука Лазарески во АТВА Резиденс – Кичево....

Хороскоп20 часа

Хороскоп за недела (8 декември)

ОВЕН Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување...

Временска прогноза22 часа

Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!

Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени...

Хроника22 часа

Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот

На 06.12.2024 околу 16:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот,...

Спорт1 ден

Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“

Фудбалската федерација на Македонија вчера ги истакна судиите кои ќе го судат 18-тото коло во првата македонска фудбалска лига в...

Магазин1 ден

Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот

Само два бренда, Apple и Samsung, доминираат на глобалниот пазар на мобилни телефони со вештачка интелигенција (AI), заземајќи ги сите...

Магазин1 ден

Google Photos најавува ажурирање

Наскоро во Google Photos доаѓа нова функција. Google додаде нова функција во Google Photos што го олеснува следењето на новата...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (7 декември)

ОВЕН Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба...

НАЈЧИТАНИ