Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре промена во атмосферата, најава за дестабилизација на времето кое носи нови врнежи од дожд и засилен ветер, ова се информациите…

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон недела (31 август) времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината. Утре (сабота 30 август) повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека во текот на ноќта кон недела (31 август) и особено во Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела (31 август) ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека во недела (31 август) ќе бидеме под влијание на посвежа воздушна маса од север, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Спорт2 дена
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Временска прогноза2 дена
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња
-
Кичево15 часа
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 2 септември
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир