Временска прогноза
Попоски: Денес попладне најава за невреме, додека од утре вистински летни температури
Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа од утре следува период на претежно стабилно, суво, сончево и значително потопло време, повремено со умерена облачност. Локално и повремено ќе има нешто повеќе облачност а услови за слаб локален дожд ќе има во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела. Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Култура20 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Балкан10 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.