Следете не

Временска прогноза

Попоски истакна дека од утре ќе имаме по свежо време

Објавено пред

на

Под влијание на ладен атмосферски фронт поврзан со циклонска активност со центар некаде над Италија утре (вторник) 2.7.2024 во попладневните  и во вечерните часови повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, а со тоа од север ќе започне да пристигнува значително посвеж воздух.

Во ваква ситуација, кога топлиот  воздух под чие влијание сме сега ќе се судри со значително посвежиот воздух од север утре попладне  и навечер на повеќе места во Македонија ќе дојде до развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, исто така невремето ќе биде проследено и со силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој би можел повторно да биде крупен.

И во делови од Скопската котлина утре попладне  и навечер можна е појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие утре во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, меѓутоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда тие ќе бележат тенденција на позначително опаѓање, па така во среда  и во четврток ќе биде значително посвежо и променливо со повремен локален пороен дожд, грмежи и повремено умерен до засилен северен ветер.

Поради очекуваната нова поголема дестабилизација на времето и очекуваното невреме утре попладне  и навечер, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите навремено да се заштитат, за Порта.мк утрово истакна Славчо Попоски

Временска прогноза

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.

И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.

И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е  и појава на силно невреме.

Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу, па  и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне  и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје7 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево13 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили2 дена

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин2 дена

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили2 дена

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин2 дена

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

НАЈЧИТАНИ