Временска прогноза
Попоски: На повидок доаѓа снег и на пониските места, како и пад на температурите!
Продолжува многу променливото и постудено време во Македонија, како што доликува за овој период од годината. Утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи од снег.
Потоа во петок ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег. Снежната граница и тоа особено во северните претели можно е да се спушти дури до околу па и под 1000 м.н.в.
Особено во четврток ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени а за време на викендот максималните температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Во Скопскиот регион продолжува периодот на МНОГУ променливо време. Во четврток ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. Наутро пак истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево23 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза17 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.