Временска прогноза
Попоски најавува циклон кој ќе донесе промена на времето од вторник, ова се најновите детали..

За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со услови за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните долини, и тоа во утринските и претпладневните часови. Наутро ќе биде студено со температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.
Потоа во понеделник кон крајот на денов облачноста од запад ќе се зголемува и ќе подпаѓаме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над северен Јадран. Во текот на ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вторник ќе се прошират речиси насекаде и особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе дува слаб до умерен, а во вторник до ЗАСИЛЕН ветер од југоисточен правец. Температурите поради јужното воздушно струење, и поркај оваа промена на времето ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.
И во скопскиот регион до понеделник времето ќе биде сончево и стабилно со температури кој ќе се искачат до околу 17 степени. Сепак наутро ќе биде студено и ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени. Промена на времето и во Скопје и околината ќе има во вторник кога ќе има врнежи од дожд, а врнежите ќе бидат проследено и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Известува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.
Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.
И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.
Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.
Денес (вторник 15 јули) во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!
-
Кичево2 дена
„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!
-
Хроника15 часа
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Кичевчани помеѓу соговорниците одговараа пред камерите во проектот „Што значи за тебе Македонија“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (27 јули)
-
Кичево5 часа
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“
-
Временска прогноза1 ден
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување