Временска прогноза
Попоски: Периодов ќе имаме над просечни температури, ова се најновите детали
Во следните најмалку седум до десет денови нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и уште потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а само денес ветерот ќе биде од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро ќе биде потопло со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во југоисточните предели истите ќе бидат и над 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури и до близу 30 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност а преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
-
Кичево23 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура24 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин2 дена(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (3 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
-
Македонија2 денаРЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
