Временска прогноза
Попоски: Пролетните дневни температури продолжуваат, доколку истото продолжи природата невообичаено ќе се разбуди..

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ, во Македонија во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.
Зголемување на облачноста ќе има од четврток кога ќе започне да дува ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ од просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели овие денови температурите се очекува да се искачат дури до 23 степени.
Токму поради ова на планините и на Скијачките центри ќе продолжи топењето на снежната покривка.
Во Скопје и околината продолжува периодот на суво и невообичаено топло време за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.
Ако продолжи ваквото време (НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО) оваа година ЗНАЧИТЕЛНО ПОБРЗО ќе започне будењето на природата кај нас.
Пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите остануваат ПРОЛЕТНИ и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени.
Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в).
Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.
Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и ПРОЛЕТНО ТОПЛО време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот сè повеќе сонце со исклучок на овие денови..

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден и тоа поради продорот на ТОПЛА воздушна маса од југ.
Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
Преодно зголемување на облачноста ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда и на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно следува претежно стабилно и суво време.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Следуваа стабилизација на времето, ова се последните метео детали..

Ќе имаме стабилно и суво време преку ден, и тоа поради продорот на топла воздушна маса од југ. Наутро температурите сеуште и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата.
Преку ден температурите на многу места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели максималните температури ќе се искачуваат до околу 22 степени.
Зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд ќе има во вторник, особено попладнето и во текот на ноќта кон среда.
Во Скопје и околината исто така следува ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време со МНОГУ СОНЦЕ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево2 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза21 час
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!
-
На денешен ден11 часа
На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..