Македонија
Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран
На 2 и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и многу поладен воздушен бран кој доаѓа од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Токму ова ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд , засилен ветер од северен правец и исклучително ладно време за самиот почеток на месец октомври. Температурите ќе бидат потпросечни дури и за околу 15 степени, што е премногу и е огромна негативна температурна аномалија.
Поради продорот на овој многу поладен бран на повисоките и на планинските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата снежна покривка за оваа сезона. На планините локално ќе се формира снежна покривка која ќе биде посериозна (над 30 сантиметри снег).
– Не се исклучува можноста овој многу поладен и влажен бран да го донесе првиот снег за оваа сезона и на помала надморска височина (под 1000 метри) со што појава на снег има услови да има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од Македонија. Тоа значи дека превој „Стража“ кој е на нмв. од 1200м да не биде чудно и да изненади снег.
Температурите во овие два дена ќе бидат исклучително ниски и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени. На планинските места очекувам и негативни температури и појава на мраз, извести Славчо Попоски. Неговото директно вклучување може да го проследите ТУКА
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза23 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Здравје и убавина14 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
