Следете не

Гејминг

Популарната игра „Call of Duty“ доаѓа за Xbox корисниците

Објавено пред

на

Мајкрософт беше под голем број критики за зголемувањето на цените на Xbox Game Pass и генерално послабите понуди на игри. За да го надомести тоа, за прв пат ја нуди играта Call of Duty на својата виртуелна платформа. За жал, станува збор за играта Call of Duty: Modern Warfare III, една од најслабо оценетите во серијата.

Сајмон Карди од IGN рече дека кампањата за еден играч била „примерна“, „досадна“ и најлошата кампања за еден играч во серијата Call of Duty што ја играл. Дерек Џонсон од Jump Dash Roll напиша дека главната кампања „навистина не вреди да се игра“, а нејзиниот режим „Зомби“ и не е толку страшно лош како оној за еден играч, но тоа не значи дека е нешто забавно.

Modern Warfare III нема да биде единствената Call of Duty игра достапна за претплатниците на Xbox Game Pass. Xbox Game Pass ќе обезбеди пристап до Call of Duty: Black Ops 6 од првиот ден на октомври. Секако, не знаеме колку ќе биде добра играта, но се претпоставува дека ќе добие нешто повеќе позитивни критики во однос на Modern Warfare III, пишува Engadget.

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Гејминг

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/rockstargames

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.

– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.

Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија8 часа

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

Временска прогноза10 часа

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (9 октомври)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Хроника1 ден

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија1 ден

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили1 ден

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин1 ден

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle1 ден

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин1 ден

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

НАЈЧИТАНИ