Кичево
Поради дефекти во електросистрибутивната мрежа овие делови од град Кичево се без електрична енергија
Од ЕВН Македонија изврстуваат дека поради дефекти на електросистрибутивната мрежа во моментот без електрична енергија се корисниците од:
Скопје – Аеродром, Градовци, Тисовица, Добрино, Гумалево, Дејковци;
Битола- Долно Оризари, Карамани и Трн;
Кичево – Северниот дел, Агрокоп, Чифлик, 22 Декември , Раштански пат, Горно Пашино;
Охрид – Ресен, с.Волно , Евла , Боримечка , Горно Дупени, Лавци, Прељубје, Покрвеник, Волкодери, Шурлени и Сирхан.
Додека од АМСМ за патниот сообраќај известуваат дека поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила од 04:00 часот има на патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар). Забрана за автобуси од 05:00 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимската опрема (ланци).
Поради силен ветар големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до Граничен премин Јажинце од 8:40 часот се воведува забрана за автобуси и тешки товарни возила а за останатите задолжителна зимска опрема.
Од Ј.П. Македонијапат известуваат дека поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга – Граничен премин Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.
/ЦУК
Кичево
(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на должина од околу 800 метри на ул. „Тренко Тасески“ што би рекле во длабоко заборавената населба „Иванидол“. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.
Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.
– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.
За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Кичево21 час(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија2 денаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Хороскоп9 часаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Спорт2 денаВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
-
Временска прогноза24 часаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија2 денаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација

