Временска прогноза
Поради дестабилизација на времето на Балканот, во вечерните часови услови за невреме и во Македонија

Како резултат на продор на поладен воздух од север на висина, денес (понеделник) во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во регионот, па така особено во западните предели на Словенија и Хрватска, потоа на повеќе места во Босна и Херцеговина, југозападна и западна Србија, а подоцна и во источните предели на Хрватска се очекува развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Со продорот на овој ладен воздух на висина, локално во овие предели ќе има и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Не се исклучува можноста, како ќе поминува овој фронтален систем над овие краишта, да се создадат услови и за локално силно невреме.
Кај нас овој фронтален систем денес попладне и навечер, особено во западните и во северозападните планински предели од државава локално исто така ќе услови развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Секако во ваква ситуација, можни се и поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
И во Скопје и околината за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.
Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени, денес истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија10 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Хороскоп33 минути
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Скопје7 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт3 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал