Македонија
Поради обилен снег забрана за ТТВ има на овие места
Сообраќајот на државните патишта се одвива, по влажни коловози во зимски услови со остатоци од кашест снег по интервенцијата на нашите дежурни екипи.
Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци Крива Паланка граничен премин ДевеБаир, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, и на планиските премини Пресека и Плетвар.
ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон ☎️ 02 25 61 502
Извор: ЈП Македонија Пат
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево8 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево11 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза9 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија24 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
