Свет
Поради поддршка кон Ѓоковиќ, шпански директор бил разрешен, многумина отказот го поврзуваат со Надал поради неговото влијание во Мајорка
Скандали ја тресат Мајорка поради депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија, а цехот го платил Хосеп Манкадо, сега веќе поранешен директор за развој на животната средина во Мајорка.
Неколку пати јавно го поддржа Новак Ѓоковиќ, а Ел Диарио објави дека Манкадо добил отказ поради „губење доверба и несогласувања“.
Како што знаеме Мањадо неколку пати го поддржа Новак на социјалните мрежи со пораки: Напред, Ноле, милиони луѓе се со тебе. Многумина во Шпанија овој отказ го поврзуваат со Рафаел Надал поради неговото влијание во Мајорка од каде што доаѓа.
Министерката за развој на животната средина на Мајорка, Аурора Рибот, одлучила да предложи разрешување на директорот и тоа на крајот било прифатено.
На Манкад му беше врачена само јавна благодарница за неговата кратка изјава. Мањадо беше против пасошот за Ковид и имаше неколку изјави кои не им се допаднаа на властите.
Според весникот „Ултима Хора“, поранешниот директор на животната средина критикувал одредени мерки, ги нарекол репресивни и изјавил дека го потсетуваат на нацизмот.
Ayer, en @7nn_Tv tuvimos en exclusiva a Josep Manchado, exdirector general propuesto por Podemos, cesado el lunes.
"El pasaporte covid tiene reminiscencias nazis"
"En Baleares, los niños que no están vacuandos no pueden jugar a fútbol"
"El Podemos de ahora me decepciona" pic.twitter.com/yMrRI569XL
— Pedro Manuel Xucglà (@PereXucgla) January 26, 2022
ФОТО: printscreen/twitter video
Извор: Nova.rs
Свет
Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.
Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.
🔔#Earthquake (#地震) M6.4 occurred 142 km NE of #Hachinohe (#Japan) 11 min ago (local time 06:52:42). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/1tFIB9RTX3
🖥https://t.co/AenVB0EsL3 pic.twitter.com/rynZOPWGPH— EMSC (@LastQuake) December 8, 2025
До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.
Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за среда (17 декември)
-
Кичево5 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Култура10 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин9 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Спорт11 часа„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
