Следете не

Кичево

Поради работа на водоводната мрежа овие кичевски улици ќе имаат времен прекин на вода за пиење

Објавено пред

на

Кичевското Јавно претпријатие „Комуналец“ ги информира корисниците на вода за пиење дека утре на 28.03.2022год.(понеделник) во период од 08:00 – 14:00 часот ќе има прекин на вода за пиење поради менување на водоводна линија, на овие населби и улици:

  • Населбата „Карпош“, ул М.Тито (од Општа Болница и Здравствен Дом до влезот за Кичево од М Врод ) и ул.„29ноември“

Кичево

Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку на ул. „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ и „голф“ со кичевски регистарски ознаки. Несреќата се случила непосредно до детската градинка „Олга Мицеска“, додека причинета е само материјална штета, за среќа учесниците според за сега неофицијални информации се без сериозни повреди.

Од ударот едното патничко моторно возило изгубило контрола и преминало спротивно во зелена површина.

Полициски службеници на ОВР Кичево и Медицинска екипа на Општата Болница – Кичево беа излезени на терен. Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.

– Инаку во текот на денешниот ден, пред неколку часа се случила и уште една сообраќајка во близина кај селото Колари кичевско, во која учествуваа четири патнички возила. Портпарол на СВР Охрид, Стефан Димовски за јавноста истакна дека и во таа сообраќајка, четири лица биле со полесни повреди, така што додека се вршеше увид во тој реон сообраќајот беше времено отежнат.

Упатуваме апел за поголемо внимание во сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчани денеска по четврт пат ќе протестираат пред општинската зграда поради градската депонија, бараат решавање на долгогодишниот проблем

Објавено пред

на

ФОТО: Facebook/Против Депонијата во Кичево

Денес во 18:00 часот од страна на градскиот „Кеј“, пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи четвртиот протест на револтирани граѓани за настанатата дива депонија која тлее доста време и шири непријатна миризба. Организаторите и кичевчани повторно ќе апелираат врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на долгогодишниот проблем – депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар „Керамички Комбинат“.

Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот на град Кичево да ја земе иницијативата и да дојде на овој протест, за да соопшти дали овој проблем има конечен исход, односно негово решение.

Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.

– Протестот според изворот е закажан за денес 29 мај (четврток) од 18:00 часот

Фејсбук настан – ТУКА, последна објава ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“

Објавено пред

на

©porta.mk

Некои приказни не се раскажуваат. Некои лица никогаш не врескаат. Но насилството не бара бучава за да уништи. Токму затоа, здружението „Саншајн Кидс“ – Кичево го спроведе проектот „Be Her Voice“– гласот што зборува во име на сите жени што молчат зад затворени врати, зад телефон без пораки, зад поглед што премногу трпи.

Во време кога сè уште е тешко да се зборува за интимното партнерско насилство (IPV), без разлика на годините, оваа иницијатива направи чекор напред – со образование, пристап, храброст и акција. Преку работилници, интерактивни сесии и лични разговори, тие научија да го препознаат насилството, но и да зборуваат за него.

Алатка што може да спаси живот

Централниот производ на овој проект е нешто што досега го немавме, а е изработен од тимот на Саншајн Кидс: практичен и разбирлив IPV Toolkit – алатка за секојдневна
употреба, насочена кон жените, нивните другарки, наставнички, мајки и соседки. Овој водич нуди:

• Како да се препознае психолошко, емоционално и физичко насилство
• Кои се првите чекори кога не знаеш кому да се обратиш
• Каде да побараш помош, без осуда
• Како да помогнеш некому што страда, а не зборува

На финалниот настан кој ќе се одржи оваа сабота во 12 часот, Китино Кале овој Toolkit ќе биде официјално промовиран. Преку QR код поставен низ целиот простор, посетителите ќе можат веднаш да го преземат и – што е најважно – да го споделат на своите социјални мрежи под хаштаговите:

👉🏻 #BeHerVoice #BreakTheSilence #SheIsNotAlone

🎤 Настан што не се гледа – туку се чувствува

Финалниот настан нема да биде класична презентација. Тоа ќе биде искуство – комбинација од сведоштва, симболика, разговори и дигитална акција. Панел-дискусијата ќе вклучи експерти, наставници и институционалнни претставници. Ќе се зборува за се што се молчи и сцени што се повторуваат во илјадници домови.

– „Секоја жена заслужува живот без страв. А секој од нас има одговорност да не гледа настрана“– велат од Саншајн Кидс.

Институциите се клучот

Настанот е отворен за јавноста и граѓаните претставници од образованието, социјалните служби, здравствени установи, полицијата и локалната самоуправа. Нашата улога не е само да присуствуваме – туку да се вклучиме, да слушаме и да почнеме да дејствуваме.

Затоа: Не чекај. Не молчи.

Биди нејзиниот глас.
📍Китино Кале / 31 мај / 12:00ч
Контакт 📧: [email protected]
Facebook
настан: ТУКА

/ПР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (31 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Спорт5 часа

Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација

Дејан Милошевски од Кичево, Македонија доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација и практично се здоби со најголемиот историски...

Кичево5 часа

Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета

Предмалку на ул. „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ и „голф“ со кичевски...

Мобилни уреди8 часа

Компанијата „Realme“ спрема мобилен уред со „џиновска“ батерија?

Компанијата Realme неодамна ја претстави својата напредна батериска технологија, но на промоцијата на моделот GT 7 во Париз сепак не...

Македонија11 часа

Граѓани најавија протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, велат: „МПЦ-ОА има Устав, со критериуми“

Во сабота на 31 мај, со почеток во 12 часот, закажан мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје. Настанот...

Македонија12 часа

Пронајдено товарното возило од АРМ кое пред еден месец беше пријавено за одземено од авто сервис

На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела...

Временска прогноза19 часа

Конечно убави вести за временската прогноза, еве кога доаѓаат летните температури

Територијата на Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (30 мај)

ОВЕН Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро...

Спорт1 ден

Новак Ѓоковиќ го победи Корентин Муте во третото коло на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос со сигурна победа против домашниот играч Корентен Муте, совладувајќи го...

Мобилни уреди1 ден

Дали „Apple“ спрема два различни модели за новата генерација на „iPhone 17“

Apple се чини подготвува два сосема различни модели за новата генерација на iPhone 17, кои ќе одат во спротивни насоки...

НАЈЧИТАНИ