Македонија
Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една коловозна лента
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Извор: АМСМ
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 април)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (17 април)
-
Магазин11 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт23 часа
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин11 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин11 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија1 ден
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција