Скопје
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 14.05.2023 (недела) од 08.30 до 12.30 часот поради одржување на триатлон натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.
Скопје
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото
На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.
СВР Скопје, истакна дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје
МВР: Пронајдени над 13000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица
На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје. Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
Скопје
Машка година, првото бебе родено 1 минута после полноќ е машко, тежи 3190 грама – Живо и здраво да биде!
Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот. Годинава ја почнавме со принц!
Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама и е долго 50 сантиметари и е прво на мама и тато.
На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, истакнаа од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје
Живо и здраво да е!
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија21 час
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи17 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари
-
Спорт2 дена
ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија
-
Македонија6 часа
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!