Македонија
Поскапуваат горивата, ова се новите цени кои стапуваат на сила од ноќеска..

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Македонија
Лице од демирхисарско возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта

Македонија
Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ .
Ова, го истакна директорот на бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Александар Јанев, при неговата денешна посета на СВР Охрид. Директорот Јанев ги посети и ОВР Струга и полициското одделение во струшкото село Велешта, каде беше запознат со активностите на полициските службеници за одржување стабилен јавен ред и мир и обезбедување поволна сообраќајна безбедност и во претстојниот период кога, на подраччјето на Струга и селата се зголемува присуството на граѓани кои се на привремена работа во странство а годишните одмори ги поминуваат во Струга и околните населени места.
При денешната посета на Охрид, директорот Јанев ја посети и полициската станица за гранични проверки аеродром „Св.Апостол Павле“ каде изврши увид во работата на полициските службеници кои работаат на контрола на патници за влез и излез во државата во услови на зголемен број на патници на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница. Директорот Јанев, ги нагласи напорите на Министерството за внатрешни работи за спроведување континуирани мерки за јакнење на професионалните капацитети и за пожртвуваните напори за јакнење на стручноста и грижата за безбедноста на граѓаните.
Притоа како примарна цел првиот човек на БЈБ ја потенцираше неопходноста полицијата да ги стави во функција сите расположливи ресурси преку процесите на оптимизација, флуктуација, а воедно и дигитализација на сите работни процеси.
Секако според Јанев императивно е разбирањето, односно мисијата кон чие остварување целиме – а тоа е дека секој еден полициски службеник мора да биде во служба на граѓаните, а се во интерес на нивната безбедност и сигурност.
Македонија
На старица од Прилеп и украле златно ланче, експресно биле фатени од Полицијата

На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14.50 часот на ул. „Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче.
Украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (28 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (29 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа прилив на Африкански бран кој ги носи посакуваните летни температури
-
Кичево52 минути
Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“
-
Македонија19 часа
Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“
-
Македонија1 ден
На старица од Прилеп и украле златно ланче, експресно биле фатени од Полицијата
-
Спорт22 часа
Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан
-
Македонија2 часа
Лице од демирхисарско возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта