Македонија
Поставени знаци за сообраќаен режим на наплатна Петровец и Миладиновци, како и изведба на градежни работи пат А1 – Романовце
Во периодот од 16.4.2021 г. (петок) до 17.4.2021 г. (сабота) ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 – наплатна станица Романовце, со цел поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Времениот режим се спроведува согласно Одобрението издадено од Министерството за транспорт и врски.
Исто така на наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци се поставени знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежните активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.
Извор: АМСМ
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт11 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин16 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (5 декември)
-
Lifestyle14 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Здравје и убавина2 денаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Хороскоп3 часаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Македонија1 денСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Временска прогноза17 часаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
