Македонија
Поставените полициски пунктови и патроли спречија ширење на девет пожари на нашето подрачје
Со цел поефиксна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид, на целото подрачје постави полициски пунктови од каде се надгледуваат отворените простори и спроведува полициски патроли за преглед на шумските терени, посебно на потенцијални покритични места. Од досега преземените мерки, на подрачјето на СВР Охрид, навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, тие се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење.
Заради поефикасна борба, СВР-Охрид ги вклучи и сите други расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.

Во соработка со Територијалната противпожарна единица, ЦУК, ДЗС, ЈП „Национални шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции се следат состојбите на подрачјето во врска со пожарите и се преземаат мерки за заштита и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти, за координирано преземање на натамошни мерки и нивно навремено локализирање.
Извор: СВР Охрид
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти МВР.
-
Кичево15 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево2 денаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија1 денОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Lifestyle2 денаПатник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“
-
Lifestyle2 денаИдеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција
-
Скопје2 дена(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко
-
Хороскоп4 часаХороскоп за среда (17 декември)
