Временска прогноза
Постудено време без дождови, еве какво време предвидува Славчо Попоски

Од денес, па во текот на новата седмица која е пред нас следува период на стабилно и суво време. Денес ќе има позначителна облачност, додека од утре ќе има и повеќе сончеви периоди. Исто така денес ќе дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Сепак ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и во следниот период минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштат во интервалот од – 5 до 1 степени.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно стабилно и суво. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури во следниот период ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека максималните ќе се искачуваат до околу 7 степени.
Временска прогноза
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.
Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во земјата, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.
Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните ги советувам за време на овие летни горештини да пијат и повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (11 август)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (12 август)
-
Македонија13 часа
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово
-
Македонија12 часа
ЦУК: Поради пожар целосно затворен патниот правец за сообраќај од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај
-
Македонија1 ден
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат
-
Временска прогноза13 часа
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд