Временска прогноза
Повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови не се исклучува можноста од локална дестабилизација на времето

Од денес па во следните денови како што и најавивме Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
И во Скопскиот регион од утре па натаму Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 33 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од денес повторно се враќа периодот на суво и стабилно време со пролетни температури…

Од денес па натаму повторно продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со пролетни температури кој насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат до 23 степени.
Временска прогноза
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите остануваат ПРОЛЕТНИ и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени.
Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в).
Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.
Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и ПРОЛЕТНО ТОПЛО време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот сè повеќе сонце со исклучок на овие денови..

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден и тоа поради продорот на ТОПЛА воздушна маса од југ.
Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
Преодно зголемување на облачноста ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда и на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно следува претежно стабилно и суво време.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Пишува Славчо Попоски.
-
Кичево12 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (22 март)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!