Македонија
Повторно солидно поскапува дизелот од ноќеска, бензините остануваат исти

Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините останува иста односно ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,00 ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,00 ден/лит.
Додека цената на дизелот се зголемува за 4 денари од полноќ и ќе изнесува 81,00 ден/лит.
Ова се новите цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 53,592 (денари/килограм)
Македонија
Приведен криумчар на мигранти кај Неготино

Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.
А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, известуваат од МВР.
Македонија
Дно! Во Охрид со „поло“ удриле велосипедист и избегале

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР
Македонија
До 3 јуни по осум часа затворен сообраќај на регионален пат 1102, делница Велес-Градско поради изведување градежни активности

Од вчера 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање.
Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, известуваат од АМСМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Кичево6 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Здравје и убавина22 часа
Газирана вода и митовите за неа..
-
Автомобили9 часа
Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)
-
Гејминг9 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин9 часа
Microsoft отстранува важна функција од Windows