Спорт
Познат датумот на извлекувањето за 1/4 Куп на Македонија во фудбал

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија истакна информација за датумот на извлекување на 1/4 финалните двојки во Купот на Македонија.
Извлекувањето на 1/4 парови ќе се одржи на 10-ти декември (вторник) со почеток во 15:00 часот во “Куќа на фудбалот”.
ФК Вардар, ФК Брера А.П., ФК Шкендија, ФК Струга Трим Љум, ФК Арсими, ФК Детонит Плачковица, ФК Силекс и ФК Гостивар се тимовите кои изборија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија и ќе бидат дел од ждребот во вторник.
1/4 финалните натпревари (се игра еден натпревар) според програмата ќе се одиграат на 26-ти февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ).
Изградени се три ВАР соби, сервер и контролна просторија, сè според стандардите на ФИФА. Деталите за примената на системот ги презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект-лидерот Дејан Јакимовски и Јосип Бартон, претседател на комисијата за делегирање судии.
Покрај ВАР технологијата, Фудбалската федерација на Македонија набави и специјално репортажно возило, кое ќе се користи за телевизиски пренос на натпреварите.
Повеќе прочитајте на официјалниот линк од ФФМ, ТУКА
Спорт
Србија официјално остана без „АТП“ турнирот

Турнирот „Белград Опен“, кој беше закажан за ноември 2025 година, е официјално откажан. И покрај големите напори и вложени ресурси, не беа исполнети условите за организација на настанот во предвидениот термин и формат. Поради тоа, организаторите решија да го откажат овогодинешното издание. Овој викенд се потврди веста дека годинашното издание на АТП турнирот нема да се одржи во Белград.
Од 2021 година, организаторите имаа успешно портфолио од девет професионални тениски турнири, меѓу кои пет АТП 250 настани, еден WTA 250, еден WTA 125, еден ATP Challenger 125, како и еден турнир под покровителство на ITF. Овие турнири привлекоа бројна домашна и меѓународна публика, позиционирајќи го Белград како важна дестинација на тениската мапа.
Дефинитивно ништа од АТП турнира у Београду. Нису могли да се обезбеде услови.
Једина прилика за уживо тенис у Србији биће Дејвис куп септембра у Нишу. pic.twitter.com/YgT6jrwHox— Стефан Милић (@StefanMilic00) August 4, 2025
Организаторите изразија гордост за сето досега постигнато и упатија благодарност до сите кои дадоа поддршка — партнери, спонзори и верната публика.
Тие нагласуваат дека остануваат посветени на развојот на тенисот во Србија и дека ќе продолжат да работат на создавање услови за враќање на професионалните турнири во Белград во иднина.
Планираниот турнир требаше да се одржи од 2 до 8 ноември во ОАКА Арената во Атина, каде што инаку настапува кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Со оваа одлука, Белград останува без АТП турнир, што претставува значителен удар за тениската сцена во градот.
Посетата на Новак Ѓоковиќ на Атина во јуни се поврзува токму со испитување на можноста за организирање на турнир во Грција, со цел истиот да се премести од Белград.
Спорт
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, на 8 август, и веднаш носи возбудливи натпревари. Првото дерби ќе се одигра во Тетово, каде што Шкендија и Шкупи 1927 ќе се соочат од 17:00 часот. Ова е еден од најочекуваните дуели од првото коло, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Подоцна истиот ден, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одржи уште еден голем натпревар – Вардар против Пелистер, со почеток од 20:00 часот.
Целосниот распоред на првото коло од сезоната 2025/26 изгледа вака:
Петок, 8 август:
- Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Тетово
- Вардар – Пелистер | 20:00 | Скопје
Сабота, 9 август:
- Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
- Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга
Недела, 10 август:
- Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци
Понеделник, 11 август:
- Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово
Фановите со нетрпение ја очекуваат новата сезона и возбудувањата што ги носи уште од првото коло.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (8 август)
-
Македонија2 дена
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Магазин2 дена
ChatGPT-5: Што носи новата револуција во вештачката интелигенција?
-
Спорт2 дена
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал
-
Македонија17 часа
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија13 часа
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Магазин2 дена
Сочни пилешки бургери од рерна