Временска прогноза
Пред нас период на многу топло време, но и нестабилно, ова се најновите детали
Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, во следниот период температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Поголеми услови за нестабилност, и на повеќе места ќе има во среда и во четврток, кога ќе има услови за локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион во следниот период ќе биде МНОГУ ТОПЛО, со максималните температури кој ќе се искачуваат во интералот од 34 до 37 степени, но сепак во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, особено во среда и во четврток кога во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.
УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.
Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.
Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.
Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Балкан2 денаАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Спорт4 часаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Свет1 денАмериканската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
-
Спорт24 часаФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
-
Спорт1 денМакедонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
