Временска прогноза
Пред нас сушен период со ниски утрински температури, ова се последните метео вести

Новата седмица која е пред нас, односно во периодот од 14 октомври, па се до 21 Октомври, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), со центар над источна Европа.
Во ваква ситуација кај нас ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде постудено, а од средината на седмицата во утринските часови по котлините и речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Недостаток на врнежи, односно сушен период ќе има над целата територија на Балканскиот Полуостров.
Што се однесува до температурите, до средината на седмицата тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пад, па така веќе наутро понекаде тие ќе се спуштаат до околу, па и за некој степен под нулата, особено во Беровскиот регион, како и на повисоките населени места и на планините, вели метеорологот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести

Под влијание на нов поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.
Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на поларниот воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски

Од ноќта кон понеделкник, како и во понеделник (17 февруари) влажен и ладен бран од север ќе ја зафати територијата на Република Македонија кој ќе услови повремени врнежи, кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и особено во северозападните и во северните предели повремено ќе преминуваат во врнежи од снег. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег, каде снежната покривка ќе се прошири и зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег, а повремено врнежи од дожд и снег, или влажен снег ќе има и во повисоките делови од котлината, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, во понеделник (17 февруари) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека во текот на денот тие ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имаме викендов, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје во понеделник (17 февруари) температурата ќе се искачи до околу 5 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа снежен бран на високите места, најпрво ќе резултира со дожд со умерен интензитет

Во следните часови насекаде во нашата Република Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од југоисточен правец со слаб до умерен интензитет. Времето насекаде низ државава ќе биде претежно облачно, а во југозападните и во западните предели ќе започнат послаби врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во градовите, додека во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.
На поланините и на Скијачките центри снежната покривка малку ќе се зголеми.
И во Скопје и околината ќе имаме претежно облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Има послаби услови за слаб дожд или дожд и снег, особено на околните планини, каде ќе има услови за слабо провејување на снег.
Што се однесува до температурите, тие денес (12.2.2025 среда) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, само во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 10 степени, а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 5/6 степени.
Услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег и претежно облачно време ќе имаме и утре (13.2.2025 четврток), а ќе продолжи релативно ладното време, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен
-
Магазин19 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
Временска прогноза7 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Кичево26 минути
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина