Следете не

Временска прогноза

Пред нас уште една сушна и пеколно топла недела

Објавено пред

на

Територијата на Македонија и оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови.

Исто така, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.

Во текот на оваа седмица повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, во Скопје во интервалот помеѓу 34  и 37 степени.

НАПОМЕНА: Поради многу сушното и топло време, како и поради ветерот кој повремено ќе биде со засилен интензитет, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари во Македонија, а поради веќе споменатиот ветер кој го очекуваме  постои опасност и од нивно ширење. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Долгорочната метео анализа предвидува многу ниски температури под нулата, истите започнуваат од средина на месец декември

Објавено пред

на

Се поизвесно е дека ноќта недела кон понеделник, односно 15 спрема 16 декември, како и во понеделник 16 декември, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од многу поладен воздух од север, и истиот би условил повремени локални врнежи од дожд и снег, како и повремено силен ветер од северен правец, особено во понеделник на 16 декември.

Барем одсега гледано во понеделник очекуваме многу постуден ден со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени.

Во вторник пак на 17 декември би требало да има јак мраз на повеќе места во Македонија, и тоа во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а на високите  и планинските места тие ќе се спуштат дури и до околу -15 степени.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, со што јавноста ќе биде навремено информирана околу овој можен изразен ладен бран кој наскоро би можел да ја зафати Македонија, информираше Славчо Попоски на метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!

Објавено пред

на

Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени врнежи од дожд, а на планините, во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег. На планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка повремено ќе се зголемува.

Повремено врнежите во следниот период ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и денес попладне и навечер ќе биде од северен, а утре (недела) од јужен и од југоисточен правец.

Во Скопскиот регион исто така продолжува периодот на променливо време со повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремено ќе врне снег. До крајот на денешниот ден ќе засилува ветер од северен, а утре (недела) од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски особено во утринските часови и утре (недела) ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3, додека максималните дневни до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Утре (недела) тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Сепак, утре попладне  и навечер ќе има нови врнежи од дожд, и снег на планините  и на Скијачките центри, каде снежната покривка повторно ќе се зголеми. Снежната граница повторно во западните предели би можела да се спушти до околу 1000 метри надморска височина, со што снег се очекува да врне и на повисоките места, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата

Објавено пред

на

Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.

– Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од  југоисточен правец.

Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин6 часа

Телефонот ненадејно се исклучува на студ: Совети за заштита на батеријата во зима

Ниските зимски температури може значително да влијаат врз работата на вашиот паметен телефон. Производителите предупредуваат дека долгото изложување на студ...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за среда (11 декември)

ОВЕН Ви доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашето семејство, станува неизводлива со овој пресврт....

Кичево22 часа

Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како и ланската година ТУКА, продолжува и оваа...

Македонија1 ден

МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје

Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење...

Спорт1 ден

Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа

Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи...

Lifestyle1 ден

Кое сирење е најдобро за здравјето на срцето?

Одржувањето на здраво срце зависи од многу фактори, а исхраната игра клучна улога. Диететичарите предупредуваат дека изборот на сирење може...

Lifestyle1 ден

7 намирници кои помагаат во намалување на крвниот притисок

Високиот крвен притисок, или хипертензија, е значаен здравствен проблем кој може да доведе до сериозни компликации. Но, исхраната богата со...

Магазин1 ден

iPhone SE 4 пристигнува наскоро со камера од 48 MP и 2x оптички зум

Apple планира да го претстави iPhone SE 4 во март 2025 година, со значителни надградби кои ветуваат дека ќе го...

Магазин1 ден

Instagram воведува функција за споделување локација – најновиот трик на Meta

Instagram претстави нова функција за споделување локација, која овозможува корисниците да ја споделуваат својата локација со поединци или групи преку...

Магазин1 ден

Топ 10 најпродавани телефони во светот за крајот на 2024 година

Изненадување меѓу Android уредите? На крајот од 2024 година, се објавуваат најновите извештаи за најпродаваните мобилни телефони во светот. Две...

НАЈЧИТАНИ