Кичево
Предмалку на „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајка помеѓу две патнички моторни возила, причинета е само материјална штета

Предмалку на ул. „11-ти септември“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ и „голф“ со кичевски регистарски ознаки. Несреќата се случила непосредно до детската градинка „Олга Мицеска“, додека причинета е само материјална штета, за среќа учесниците според за сега неофицијални информации се без сериозни повреди.
Од ударот едното патничко моторно возило изгубило контрола и преминало спротивно во зелена површина.
Полициски службеници на ОВР Кичево и Медицинска екипа на Општата Болница – Кичево беа излезени на терен. Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
– Инаку во текот на денешниот ден, пред неколку часа се случила и уште една сообраќајка во близина кај селото Колари кичевско, во која учествуваа четири патнички возила. Портпарол на СВР Охрид, Стефан Димовски за јавноста истакна дека и во таа сообраќајка, четири лица биле со полесни повреди, така што додека се вршеше увид во тој реон сообраќајот беше времено отежнат.
Упатуваме апел за поголемо внимание во сообраќајот.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Временска прогноза15 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Македонија12 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle14 часа
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle14 часа
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин14 часа
Apple го претстави првиот M5 чип