Кичево
Предмалку на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила сообраќајка
Предмалку на магистралниот пат Кичево-Охрид, потточно во близина кај зградите од поранешно Црн Бор се случила тешка сообраќајна несреќа на еден учесник во сообраќај, во која според информациите од терен причинета е само материјална штета
Од за сега непознати причини ПМВ марка Мерцедес со германски национални ознаки изгубило контрола во движење, удрило во бетонскиот ѕид со дрворед, по што завршило на бочните врати, додека на интервенција за помош била повикана и ТППЕ Кичево.
ОВР Кичево се на увид, така што едниот дел на магистралата бил времено затворен за сообраќај и истиот се пренасочувал до завршување на увидот на овластените лица.
Во текот на денешниот ден очекуваме повеќе детали од СВР Охрид.
За здравјето на учесниците немаме првични или евентуално неофицијални информации.
Кичево
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.
Кичево
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.
Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.
„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.
Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.
Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.
Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА
Мал дел од задоволните клиенти:
Кичево
(ФОТО) Прва фотографија од превој „Пресека“ према Охрид, алармантно!
Предмалку пристигна нашиот тим на превој „Пресека“ према Охрид од Кичево и може да се забележи алармантна состојба.
Многу проаѓачи со летни пневматици возат споро и сообраќајот се одвива во крајно зимски услови, речиси како да е месец декември.
Апелираме за поголемо внимание, доколку немате во случај зимски гуми, воопшто да не помислувате да проаѓате преку превоите.
За сега нема активни забрани за тешки товарни возила.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево23 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза18 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет24 часа
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Автомобили2 дена
„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“