Временска прогноза
Предвреме летни температури, ова се најновите детали

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре па во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата држава остануваат МНОГУ ВИСОКИ и натпросечни за овој период од годината.
Мал пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.
Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во земјата, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.
Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните ги советувам за време на овие летни горештини да пијат и повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (12 август)
-
Македонија1 ден
Пожарот кај с.Челопеци и Миокази кичевско ставен под контрола, во прилог состојба со пожари ширум Македонија до утрово
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за среда (13 август)
-
Македонија1 ден
ЦУК: Поради пожар целосно затворен патниот правец за сообраќај од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
Временска прогноза1 ден
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд
-
Технологија1 ден
„ChatGPT“ достигна рекорден раст на активни корисници неделно
-
Технологија1 ден
„Samsung“ го претстави првиот „Micro RGB“ дисплеј со „Led“ осветлување помало од 100 микрометри
-
Македонија6 часа
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата