Кичево
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата“ што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.
Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.
За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека
Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.
/ПР
Кичево
„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево
Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно работно искуство во стопанството го преточија во успешна мисија, односно се впуштија во креирање на едно ново поглавје во осигурителниот бизнис. Претходните долгогодишни клиенти и соработници, упатуваат целосна поддршка за нејзина реализација.
Изберете ја компетентност на прво место, за ваше застапување пред осигурителните компании, како во поглед на склучување на договори за осигурување, така и при реализација на евентуални штети и креирање на нови осигурителни производи и услуги по ваша мерка.
Располагаат со своја подружница во Битола, а од неодамна и во нашиот град Кичево, ГАП Осигурување ви нуди брза услуга, подготвена да се справи со сите осигурителни предизвици.
Битола:
Канцеларијата во Кичево е во срцето на градот, односно на Булевар Ослободување бр.52, а таму ќе ве пречекаат вработени со широко познавање во својата фела, спремни веднаш да ви ги пружат најдобрите поволности.
Кичево:
Официјални контакти:
Битола, Никола Тесла бр.34
е-пошта: [email protected]
телефон: 075 284 631
Кичево, Булевар Ослободување бр.52
е-пошта: [email protected]
телефон: 078 224 884
Кичево
(ФОТО) Сообраќајка во близина на с.Трапчиндол на регионалниот пат Кичево-Гостивар
Пред нешто повеќе од еден час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчиндол.
Во несреќата учествувале две возила, Тојота (патничко) со албански национални рег.таблици и Киа со македонски регистарски таблици.
Причинета е материјална штета, додека за здравјето на учесниците од евентуални повреди немаме подетални информации.
Екипи на ОВР Кичево вршат увид, додека сообраќајот се одвива непречено.
* Апел, за поголемо внимание во сообраќајот, овој период од годината секогаш интензитетот на автомобили во движење е зголемен, што нашето евентуално невнимание може да придонесе до несакани последици и несреќи во сообраќајот.
Имајте пријатни патувања!
Кичево
„АТВА Маркет“ 4 слави роденден, по тој повод имаат производи со акциски цени!
Нова роденденска акција, во АТВА 4 маркетот кој се наоѓа на Ул. Солунска бр 27, во населбата раштански пат.
👉Голем број на производи по намалени цени!
👉Акциски производи 1+1 гратис!
Искористете ја оваа одлична акција која трае од 15.07 – 17.07.2024
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт1 ден
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Технологија24 часа
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?
-
Балкан2 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола