Кичево
(ВИДЕО) Во петок премиера на краткиот игран филм „Слобода“ во Кичево, трет на кичевчанецот Бранко Стојаноски
Во просториите на киносалата при НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево во петок, 06.10.2023 со почеток од 20 часот, ќе биде премиерно прикажан новиот краток игран филм „Слобода“ во продукција на „Блу Медија Моушен“ од Кичево. Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на три приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето „Слобода“. Таму се пресретнуваат тројца пријатели кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив планирано е одвивање на зделка за продажба на артефакт од Крушевската република.
Во улогата на тројцата пријатели се појавуваат кичевските актери: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски и Станко Стевановиќ, двете девојки на шанкот ги глумат Тамара Ристоска и Весна Гаврилоска, а продажбата на артефактот се одвива помеѓу ликовите кои ги глумат Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески и Андреј Дукоски.
Врската помеѓу сите овие ликови се сопственикот на кафулето и вработениот кои ги познаваат посетителите на локалот, кои ги глумат Тале Никодиновски и Ренато Јеремоски.
Филмот е во режија и сценарио на Златко Ѓелески, продуциран е од страна на Бранко Стојаноски, монтажата и визуелните ефекти ги работи Љупчо Темелковски, директор на фотографија е Владимир Димоски, звукот е на Горазд Радески, а музиката е на Љупчо Стефаноски.

Ова е третиот филмски проект на продуцентот Бранко Стојаноски, претходно ги има реализирано долгометражниот документарен филм „Прикаска за Кичево“ од 2016 година и краткиот игран филм „Центроид“ од 2022 година. Краткиот игран филм „Слобода“ е финансиран со помош од фирмите од градот, кои на овој начин помогнаа за развој на културниот живот во Кичево.
По прикажувањето на краткиот филм „Слобода“ ќе следува коктел и забава во кафулето „Слобода“, кајшто е снимен филмот.
Публика (16+)
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево19 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп9 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија16 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима



