Спорт
Премија од ФФМ за македонските фудбалски репрезентативци како дополнителен мотив за пласман на СП2023
После одличната претстава и убедливата победа од 5:0 над Ерменија, а во пресрет на решавачкиот дуел за второто место против Исланд, каде со евентуална победа ќе обезбедиме историски пласман во бараж за пласман на Светското Првенство „Qatar 2022“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со Управниот одбор донесоа одлука за исплата на парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.
Репрезентативците и стручниот штаб веќе добија премија за добрите настапи на претходните три натпревари од мундијалските квалификации против Ерменија, Исланд и Романија, а со новата одлука за награда на фудбалерите се испраќа дополнителен мотив за победа во недела над Исланд во Скопје, со што би осигурале место во баражот за пласман на Светско првенство.
- „Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава“, изјави директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хроника8 часаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево1 денНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија7 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија9 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
