Следете не

Спорт

Премија од ФФМ за македонските фудбалски репрезентативци како дополнителен мотив за пласман на СП2023

Објавено пред

на

После одличната претстава и убедливата победа од 5:0 над Ерменија, а во пресрет на решавачкиот дуел за второто место против Исланд, каде со евентуална победа ќе обезбедиме историски пласман во бараж за пласман на Светското Првенство „Qatar 2022“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со Управниот одбор донесоа одлука за исплата на парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.

Репрезентативците и стручниот штаб веќе добија премија за добрите настапи на претходните три натпревари од мундијалските квалификации против Ерменија, Исланд и Романија, а со новата одлука за награда на фудбалерите се испраќа дополнителен мотив за победа во недела над Исланд во Скопје, со што би осигурале место во баражот за пласман на Светско првенство.

  • Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава“, изјави директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.

Спорт

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

Објавено пред

на

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот за врска дава сигнал за повреда, така што гостите речиси и да застанаа со игра.

За фер плеј и момент за почит, домаќините ги пуштија гостите да го вратат голот.

Целата ситуација видете ја во прилогот на Спорт Клуб.

Фото: printscreen/video

Прочитај повеќе...

Спорт

До 14 јануари рок за пререгистрација на фудбалери од македонската лига

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од МФЛ дека пререгистрацијата на фудбалери во машка конкуренција ќе биде спроведена во периодот од 15. декември 2021 година до 14. јануари 2022 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во месец декември закажани регионални натпревари за национален тим до 14 години, се однесуваат за најдобри фудбалери родени 2008 год

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите клубови дека во текот на месец декември ќе се одржат регионални селективни натпревари за националниот тим до 14 години. Истите се однесуваат на најдобри фудбалери родени 2008 година.

Секој клуб може да пријави највеќе 5 кандидати со пополнување на формуларот во прилог и доставување до регионалните координатори. Сите основни информации поврзани со селектирањата, како и потребниот формулар подолу. Повеќе информации кај регионалните координатори чии броеви се во документот.

Превземи документ 1 ТУКА – Селектирање У-14 Национален Тим на Македонија 2008 год
Превземи документ 2 ТУКА – Формулар фудбалери 2008 година У 14.pdf

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 3 часа

Денешен Хороскоп (5 декември) – недела

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

КичевоПред 10 часа

Кичево вчера: Нападнати полицајци, нападната невенчана сопруга и тепачка помеѓу две жени

На 04.12.2021 година во ОВР Кичево лишени се од слобода А.М.(38) и П.М.(38), двајцата од селото Лазаровци. Тие, на улицата...

МакедонијаПред 10 часа

Денешен Ковид-19 биланс, нови 342 случаи..

Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 135...

КичевоПред 13 часа

Ноќеска во Кичево пријавен неуспешен обид за опожарување на стан

На 04.12.2021 година околу 02:00 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на ул.„11 септември“...

ТехнологијаПред 13 часа

Сигурно ве интересира која земја е рангирана со најспор интернет на планетата?

Туркменистан е рангирана како земја со најбавен интернет во светот, а на корисниците им треба речиси цел ден да го...

На денешен денПред 20 часа

На денешен ден: 4 декември

1154.- Николас Брекспеир, првиот и единствен Англичанец што бил избран за папа, бил устоличен за поглавар на Римокатоличката црква како...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп [4 декември] – сабота

ОВЕН Може да очекувате парична награда или унапредување за трудот кој сте го покажале во претходниот период. Една личност се...

МакедонијаПред 1 ден

Тешка сообраќајка кај с.Лескоец на патот Охрид-Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Охрид – Ресен, кај селото Лескоец. Настанот го потврди и портпаролот на...

Временска прогнозаПред 1 ден

Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи од дожд, утре кратка сталибизација, од недела нови врнежи од дожд и снег

Моментално променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, во вечерните часови покасно...

НАЈЧИТАНИ